Охрид трчаТ дел од Атлетскиот полумаратон во Мостар

March 22, 2019

Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе биде дел од Атлетскиот полумаратон кој викендов ќе се одржи низ улиците на еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, Мостар.

– Проектот, Охрид трчаТ сакаме во најдобр светло да го презентираме пред јавноста. Во Мостар одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот настан и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на Охрид трчаТ.

За успешното второ издание на Охрид трчаТ се пишуваше низ македонските национални медиуми и престижните атлетски интернет страни од регионов. Настанот број еден во Охрид минатата година собра 1 100 вљубеници во трчањето, а годинава се очекува бројката да порасне.