Уште 20 дена до Охрид трчаТ

August 10, 2020

Уште 20 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции.

Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи  од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена.

За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката следете не на ohridtrcat.mk.

Преземено од ohridnews.com