ТРКА 5K – Трка за рекреативци


НЕДЕЛА, 30. АВГУСТ 2020 – 08:15

Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Маица со логото на трката
  • Медал на крај од трката
  • Ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Стартен број со чип (за извршените регистрации до 20-ти Август 2020, 23:59. На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Освежување и овошје
  • Онлајн дипломa
  • Подарок од партнерите на трката
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Попуст од пaртнерите

до 31 декември 2019 до 29 февруари 2020 до 23 август 2020
400 денари 500 денари 600 денари

Напомена: Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 1500 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.


Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, подарок од нашиот партнер Asics како и подарок од нашиот пријател Еурофарм.

Право на учество во трката на 5000 метри имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 Август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


5K РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. Dimitar PETROVSKI18:54
  • 2. Grigorijan NIKOVSKI19:37
  • 3. Kristijan STOJANI19:38
  • 4. Kristijan NAUMOVSKI19:49
  • 5. Nikola KUTANOSKI20:01

  • 1. Bojana NAUMOVSKA23:29
  • 2. Elena DANILOVSKA23:34
  • 3. Ejona CUFE24:37
  • 4. Nikolina MILEVSKA VELJANOVSKA25:38
  • 5. Shpresa SPAHIU26:51

ЦЕЛА ЛИСТА