Team Building ТРКИ 5К / 21К


НЕДЕЛА, 30. АВГУСТ 2020 – 08:15 / 07:30

Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 21 километри. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
    5 К _______________________________________________________________________________

  • Маица со логото на трката
  • Медал на крај од трката
  • Ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Стартен број со чип (за извршените регистрации до 20-ти Август 2020, 23:59. На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од партнерите на трката
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Попусти од пaртнери

21 К _______________________________________________________________________________

  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 20-ти Август 2020, 23:59. На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Разгледување на стариот дел од градот со професионален туристички водич
  • Медал на крај од трката
  • Ланч пакет
  • Магнет
  • Паста ваучер за ноќна трка на 28-ми Август
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Бесплатни влезници за Света Софија, локалитетот Плаошник, Самоиловата тврдина и Музејот на вода “Заливот на коските”.

до 31 декември 2019 до 29 февруари 2020 до 23 август 2020
400 / 700 денари 500 / 800 денари 600 / 900 денари

Напомена: Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 1500 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.


Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 21км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и пехар.
Дополнително учесниците на Team Building трката, кои ги освоиле првите 3 места, на трката од 21К, ќе добијат подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, и ваучер за попуст од 25% од нашиот партнер Asics.

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.

Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Право на учество во Team Bulding трката имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Напомена:Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 Август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВA 21KПРИЈАВA 5KПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. NRC – NIKE+ RUN CLUB01:58:59
  • 2. SINLES02:01:02
  • 3. LICA SO RETKI BOLESTI02:19:14

  • 1. NRC – NIKE+ RUN CLUB05:34:03
  • 2. AK DELTA05:52:53
  • 3. KORЯUNNERS06:21:39
  • 4. FIT2RUN06:48:41
  • 5. TURNIME DA KINISAM08:40:17

ЦЕЛА ЛИСТА