: : :

Почитувани љубители на трчањето и спортот, Охрид трчаТ е производ на нашата желба за еден поинаков и поинтересен Охрид, Охрид во кој улиците ќе се користат за трчање и рекреација, Охрид во кој ќе се дружат и забавуваат сите од најмладо до најстаро. Охрид трчаТ покажа уште во првата година дека интересот за овој вид на рекреација е многу голем и многу потребен. Уличните трки од ден на ден се повеќе се етаблираат низ улиците на многу градови во светот но посебноста на Охрид трчаТ како трка е во тоа што на сите учесници им дава ретка можност да рекреираат и да се дружат со градот со жива култура и природни богатства кои опстојуваат 2500 години.


РЕЗУЛТАТИ 2018

2 ЈУНИ 2019


Новости

No more posts

Биди и ти дел

Трчањето за нас како Асоцијација на спортови секогаш било повеќе од хоби, тоа е повик кон охриѓани , кон сите граѓани на Македонија за здрав живот, повик за дружење и забава, повик за спортско европски Охрид. На 3 јуни 2018, по втор пат, ќе се одржа спортската манифестација Охрид трчаТ. Како и првата година, Охрид трчаТ 2018 им нуди на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти неколку трки и тоа трка на 10 и 5 километри и тим билдинг трка како дел од трката на 5к. Ја имате уникатната можност да трчате по улиците на Охрид градот на УНЕСКО и да се дружите со светската историјата, култура и природно богатсво што веруваме ќе Ви е доволна причина да учествувате.

Pic2Go

Добијте ги вашите фотографии бесплатно!

#Pic2Go е најнов спортски систем за споделување на вашите фотографии.
Само со регистрацијата на вашиот стартен број (пред, за време или после трката), вашите фотографии ќе бидат автоматски објавувани на вашиот Facebook профил (претходно одобрено од вас).

Како работи Pic2Go?

Многу лесно! Внесете го вашиот стартен број и прифатете ја регистрацијата на Facebook.
За да работи целиот процес на препознавање, мора да внимавате вашиот стартен број и баркодот да бидат видливи пред, во текот на трката, и после трката.


ТРКА 10K


НЕДЕЛА, 3. ЈУНИ 2018 – 10:00

Трката на 10 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката. Се трча два круга низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 30 април 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии овозможено оd Pic2Go
  • Медал на крај од трката
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Ланч пакет на целта
  • Подарок од партнерите на трката

до 31 јануари 2018 до 31 март 2018 до 28 мај 2018
600 денари 700 денари 800 денари

Напомена: Првите пет атлетичари/ки на ранг листата на 10 километри за 2017 година при Атлетската федерација на Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.


жени / мажи
1 место 300 EUR
2 место 250 EUR
3 место 200 EUR
4 место 150 EUR
5 место 100 EUR

Првите 3 места на трката од 10км покрај паричните награди ќе бидат наградени и со филигран брош рачна изработка од дизајнерот на накит Марта Пејоска, медаља, диплома, букет цвеќе и подароци од спонзори.

  • Дополнително за соборување на рекорд на трката ( мажи и жени ) ќе се доделат 100 евра.
  • Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.

Право на учество на трката на 10к имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– на денот на трката да се постари од 16 години

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.

Напомена:
Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (28 мај 2018) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата ќе се реализира преку нашиот партнер Smart Race Club. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИ СЕСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2018



  • 1. Stenley KIPRUTO33:02
  • 2. Milos RANCIC34:32
  • 3. Atanas ANCHEVSKI35:06
  • 4. Kokan AJANOVSKI35:45
  • 5. Mudjahid MISLIMI35:55

  • 1. Adrijana POP ARSOVA41:12
  • 2. Miljana RISTIC42:03
  • 3. Vesna KIRADJIEVA45:04
  • 4. Bojana NAUMOVSKA45:47
  • 5. Marija PELIKON49:42

ЦЕЛА ЛИСТА


ТРКА 5K – Трка за рекреативци


НЕДЕЛА, 3. ЈУНИ 2018 – 10:00

Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Маица со логото на трката
  • Стартен број со чип (за извршените регистрации до 30 април 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии овозможено оd Pic2Go
  • Освежување
  • Онлајн дипломa
  • Подарок од партнерите на трката

до 31 јануари 2018 до 31 март 2018 до 28 мај 2018
300 денари 400 денари 500 денари

Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медаљи, дипломи, букет цвеќе и награди од спонзори.

Право на учество во трката на 5000 метри имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Напомена:
Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (28 мај 2018) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата ќе се реализира преку нашиот партнер Smart Race Club. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИ СЕСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2018



  • 1. Milan MITROVIC19:16
  • 2. Bogdan CVETKOVSKI20:28
  • 3. Kristijan NAUMOVSKI20:38
  • 4. Pepi ANAKIJEV21:06
  • 5. Dejan ANGELOSKI21:39

  • 1. Margo BOJADZIEVA24:15
  • 2. Anja EKLER25:02
  • 3. Darinka BUROVSKA26:14
  • 4. Ivana BOSHKOVSKA27:31
  • 5. Elena LAZOROSKA28:15

ЦЕЛА ЛИСТА


Team Building ТРКА


НЕДЕЛА, 3. ЈУНИ 2018 – 10:00

Тим билдинг трката е дел од трката на 5 километри. Самото име на трката кажува што е главна цел на оваа трка. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме. Се трча еден круг низ улиците на Охрид и тоа како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Маица со логото на трката
  • Стартен број со чип (за извршените регистрации до 30 април 2018 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии овозможено оd Pic2Go
  • Освежување
  • Онлајн диплома
  • Подарок од партнерите на трката

до 31 јануари 2018 до 31 март 2018 до 28 мај 2018
300 денари 400 денари 500 денари

Котизацијата е за еден учесник во тимот.


Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медаљи, дипломи, букет цвеќе, награди од спонзори и пехар.

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.

Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Право на учество во Team Bulding трката имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Напомена:
Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (28 мај 2018) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата ќе се реализира преку нашиот партнер Smart Race Club. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИ СЕСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2018



  • 1. DELTA 1:28:05
  • 2. SEAVUS1:50:18
  • 3. INSTINCT1:51:54
  • 4. CUBA LIBRE OHRID1:53:28
  • 5. KARMEN BAUCENTAR 1:53:39

  • 1. LICA SO RETKI BOLESTI2:06:25
  • 2. SLICE2:12:51
  • 3. SAM ZA SEBE2:25:35
  • 4. KOSTAL2:28:47
  • 5. NETCETERA2:35:47

ЦЕЛА ЛИСТА

Резултати 2018


10К Трка, Јуни, 2018

Stenley KIPRUTO


10К Трка, Јуни, 2018

Adrijana P- ARSOVA


5К Трка, Јуни, 2018

Milan MITROVIC


5К Трка, Јуни, 2018

Margo BOJADZIEVA

Биди и ти Волонтер

Биди и Ти дел од волонтерството , биди и Ти дел од еден поинаков Охрид, биди и Ти дел од дружењето и забавата на улиците на Охрид , биди и Ти дел од еден врвен спортски настан, биди и Ти дел од афирмацијата и промоцијата на спортски Охрид, биди и Ти дел од едукацијата на нашите деца, биди и Ти дел од организацијата на Охрид трчаТ 2018 година.

Коментари

Денес градот Охрид беше центар на македонската атлетика. Првата улична трка во македонскиот град бисер ги надмина сите мои очекувања, а богами и никој не остана рамнодушен на овој мега спортски настан кој добива од мене оценка ЧИСТА ДЕСЕТКА !!!

Затоа денес трчаше целиот крем на македонската атлетика и имаше многу други вљубеници на кралицата на спортовите. Затоа ова нека биде лекција за сите наши таканаречени организатори на трки како се сака и почитува главниот на настанот – спортистот, а не овбрските и математиките кон спонзорите.

MCRT ке ужива многу време од импресиите од овој мега спортски настан, а исто така ке уживаме во нашата нова победа на недопирливиот и неприкосновен Самурај.

КАПА ДОЛЕ ОХРИД ТРЧАТТТТТТТТ !!! СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА !!!


Игор Јакимовски

Атлетичар, А.К. Работнички, Скопје

До сега не сум видела толку позитивни охриѓани на едно место. Еуфорија, радост, насмевки…

Секоја чест за организацијата и честитки за сите учесници…

После овој настан, си викам: „Охрид можиТ“ 🙂

НАЈБРАВО !!!


Кате Бујароска Анѓелеска

Проф. по физичка култура, Охрид

Партнери

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image

Пријатели

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image

Медиумски партнери

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image