#Pic2Go е најнов спортски систем за споделување на вашите фотографии.
Само со регистрацијата на вашиот стартен број, вашите фотографии ќе бидат автоматски објавувани на вашиот Facebook профил (претходно одобрено од вас).
На вашиот стартен број се наоѓа унифициран баркод. За време на трката неколку фотографи од различни позиции ќе ги фотографираат учесниците на трката. Секоја фотографија од вас после трката автоматски ќе биде објавена на вашиот Facebook тајмлајн, само доколку после трката го внесете вашиот стартен број на оваа страна. Формата за пријавување за бесплатни фотографии ќе биде активирана на ова место во недела после трката (после 18:00 часот).
За да работи целиот процес на препознавање, мора да внимавате вашиот стартен број да биде видлив пред, во текот на трката, и после трката.
Напомена: Пријавувањето за бесплатни фотографии ќе биде отворено на 30 август после 18:00 часот на ова место. Се што ќе треба да направите е да го внесете вашиот стартен број и да ги прифатите условите за користење на апликацијата на Pic2Go Macedonia
Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.
до 31 декември 2019 | до 29 февруари 2020 | до 23 август 2020 |
1000ден | 1250ден | 1500ден |
Напомена: Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2019 година при Атлетската федерација на Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.
Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
жени / мажи | |
1 место | 300 EUR |
2 место | 200 EUR |
3 место | 100 EUR |
Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со охридски бисер од фамилија Мишо Филев (рачни изработки наменети и за жени и за мажи) , медал, диплома, букет цвеќе и подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, подарок од нашиот партнер Asics како и подарок од нашиот пријател Еурофарм.
Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.
Право на учество на трката на 21к имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– на денот на трката да се постари од 18 години
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).
Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.
до 31 декември 2019 | до 29 февруари 2020 | до 23 август 2020 |
400 денари | 500 денари | 600 денари |
Напомена: Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, подарок од нашиот партнер Asics како и подарок од нашиот пријател Еурофарм.
Право на учество во трката на 5000 метри имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.
Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).
Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 21 километaр. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.
21 К _______________________________________________________________________________
до 31 декември 2019 | до 29 февруари 2020 | до 23 август 2020 |
400 / 1000 денари | 500 / 1250 денари | 600 / 1500 денари |
Напомена: Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.
Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 21км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и пехар.
Дополнително учесниците на Team Building трката, кои ги освоиле првите 3 места, на трката од 21К, ќе добијат подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, и ваучер за попуст од 25% од нашиот партнер Asics.
При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.
Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 и 21 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.
Право на учество во Team Bulding трката имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти
Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.
Напомена:Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.