: : :

Почитувани наши поддржувачи, учесници и сите кои на еден или друг начин сте биле дел од нас во изминатите 4 изданија на Охрид трчаТ. Поминаа 4 изданија и се наоѓаме пред нашиот прв мал јубилеј, 5 години Охрид трчаТ. Ни претставува особена чест и задоволство што не носевте цело ова време за да стигнеме до нашиот прв јубилеј. Работевме многу, посветени пред се на Вас, така што веруваме дека заедно успеавме како настан и како организација да се етаблираме пред спортската јавност, претпознатливи и пред се креативни на еден поинаков начин. Трчањето и спортот се нашата определба и од ден на ден таа определба не мотивира да Ве повикуваме секоја година, традиционално на почетокот од месец јуни, да се дружите со нас и да трчате по улиците и крајбрежјето на древниот Охрид и природното светско богатсво – Охридското езеро.

Да ни е честит 5 годишниот јубилеј Охрид трчаТ!


5 ЈУНИ 2022


Новости

No more posts

Pic2Go



Добијте ги вашите фотографии бесплатно!

#Pic2Go е најнов спортски систем за споделување на вашите фотографии.
Само со регистрацијата на вашиот стартен број (пред, за време или после трката), вашите фотографии ќе бидат автоматски објавувани на вашиот Facebook профил (претходно одобрено од вас).

Како работи Pic2Go апликацијата?

На вашиот стартен број се наоѓа унифициран баркод. За време на трката неколку фотографи од различни позиции ќе ги фотографираат учесниците на трката. Секоја фотографија од вас после трката автоматски ќе биде објавена на вашиот Facebook тајмлајн, само доколку после трката го внесете вашиот стартен број на оваа страна. Формата за пријавување за бесплатни фотографии ќе биде активирана на ова место во недела после трката.
За да работи целиот процес на препознавање, мора да внимавате вашиот стартен број да биде видлив пред, во текот на трката, и после трката.

Напомена: Пријавувањето за бесплатни фотографии ќе биде отворено на ова место во текот на денешниот ден. Се што ќе треба да направите е да го внесете вашиот стартен број и да ги прифатите условите за користење на апликацијата на Pic2Go Macedonia


ТРКА 21K


НЕДЕЛА, 06 ЈУНИ 2021 – 08:00

Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Персонално видео од трката
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 20-ти Мај 2021, 23:59. На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Медал на крај од трката
  • Ранец
  • Подарок по повод 5 години од Охрид трчаТ
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Охрид трчаТ разгледница
  • Papa’s охридско макало

до 30 мај 2021
1500ден

Напомена: Регистрацијата е затворена!Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2020 година при Атлетската федерација на Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.

Регистрацијата се затвара на 30 Мај 2021, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.


жени / мажи
1 место 300 EUR
2 место 200 EUR
3 место 100 EUR

Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со медал, диплома, букет цвеќе, Охридски бисер и филигран од Филеви како и подарок од партнерот Голд Слот Клуб. За освоеното прво место artspace.mk подарува уникатни подароци.

Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.

Право на учество на трката на 21к имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– на денот на трката да се постари од 18 години

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


СТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


21К РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. Dario IVANOVSKI1:16:23
  • 2. Atanas ANCEVSKI1:16:35
  • 3. Milos RANCIC1:17:10
  • 4. Aleksandar KIRADZIEV1:17:32
  • 5. Kokan AJANOVSKI1:18:41

  • 1. Biljana KIRADZIEVA1:26:43
  • 2. Miljana RISTIC1:26:57
  • 3. Adrijana POP ARSOVA1:29:18
  • 4. Irena STOIMENOVA1:45:48
  • 5. Zhaneta BOGATINOVSKA ILIEVA1:50:06

ЦЕЛА ЛИСТА


ТРКА 5K – Трка за рекреативци


НЕДЕЛА, 06 ЈУНИ 2021 – 08:30

Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Маица со логото на трката
  • Медал на крај од трката
  • Еко ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Персонално видео од трката
  • Стартен број со чип (На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Подарок по повод 5 години од Охрид трчаТ
  • Освежување и овошје
  • Онлајн дипломa
  • Подарок од партнерите на трката
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Попуст од пaртнерите

Напомена: Регистрацијата е затворена!
Регистрацијата се затвара на 30 Мај 2021, 23:59.

За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.


Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе, Охридски бисер и филигран од Филеви како и подарок од партнерот Евротип. За освоеното прво место artspace.mk подарува уникатни подароци.

Право на учество во трката на 5000 метри имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


СТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


5K РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. Dimitar PETROVSKI18:54
  • 2. Grigorijan NIKOVSKI19:37
  • 3. Kristijan STOJANI19:38
  • 4. Kristijan NAUMOVSKI19:49
  • 5. Nikola KUTANOSKI20:01

  • 1. Bojana NAUMOVSKA23:29
  • 2. Elena DANILOVSKA23:34
  • 3. Ejona CUFE24:37
  • 4. Nikolina MILEVSKA VELJANOVSKA25:38
  • 5. Shpresa SPAHIU26:51

ЦЕЛА ЛИСТА


Team Building ТРКИ 5К / 21К


НЕДЕЛА, 06 ЈУНИ 2021 – 08:30 / 08:00

Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 21 километaр. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила

5 К ____________________________

  • Маица со логото на трката
  • Медал на крај од трката
  • Еко ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Персонално видео од трката
  • Стартен број со чип (На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Подарок по повод 5 години од Охрид трчаТ
  • Освежување и овошје
  • Онлајн дипломa
  • Подарок од партнерите на трката
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Попуст од пaртнерите

21 К ____________________________

  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Персонално видео од трката
  • Стартен број со чип (На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Медал на крај од трката
  • Ранец
  • Подарок по повод 5 години од Охрид трчаТ
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Охрид трчаТ разгледница
  • Papa’s охридско макало

до 30 мај 2021
Регистрацијата за 5К е затворена! / 1500 денари

Напомена: Регистрацијата затвара на 30 Мај 2021, 23:59. Регистрациите се затворени!

За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.


Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 21км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и пехар. За освоеното прво место artspace.mk подарува уникатни подароци.

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.

Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 и 21 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Право на учество во Team Bulding трката имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).




РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. NRC – NIKE+ RUN CLUB01:58:59
  • 2. SINLES02:01:02
  • 3. LICA SO RETKI BOLESTI02:19:14

ЦЕЛА ЛИСТА 5K


  • 1. NRC – NIKE+ RUN CLUB05:34:03
  • 2. AK DELTA05:52:53
  • 3. KORЯUNNERS06:21:39
  • 4. FIT2RUN06:48:41
  • 5. TURNIME DA KINISAM08:40:17

ЦЕЛА ЛИСТА 21K



21К Трка, Август, 2020

Dario IVANOVSKI


21К Трка, Август, 2020

Biljana KIRADZIEVA


5К Трка, Август, 2020

Dimitar PETROVSKI


5К Трка, Август, 2020

Bojana NAUMOVSKA

Коментари

Воодушевен сум, искрено сум под големи импресии, од самото утро се што направија и како го направија едноставно ме оставија без зборови.Тимот Охрид трчаТ е одличен и градот Охрид може да е горд на ваква организација.Луѓето се гостопримливи Охрид е многу убав и ние можеме многу да соработуваме така што се враќаме и наредната година но исто така едвај чекаме повторно тимот Охрид трчаТ да го видиме во Дубровник.


Ален Бошковиќ

Директор на Дубровник полумаратон

З`ш си мор толку искезен? З`ш ногу ми идат убо ко ќе трчам, и з`ш ногу уба организација
и убај љуѓе имет на Охрид трчаТ!


Tурниме да кинисам – Битола

Имресиите уште не стивнуваат од невероватниот спектакл кој вчера Охрид и Охрид трчаТ го приредија за сите нас. Целиот sид на ФБ е преплавен од позитивни коментари, статуси, споделувања, вести, фотографии, видеа…..Што се случи вчера во Охрид !!! Во најмала рака тоа беше пример дека оваа улична атлетска трка може да конкурира на балканот за најдобра и најпрофесионална организирана трка од овој тип.


Игор Јакимовски

Атлетичар, А.К. Работнички, Скопје

До сега не сум видела толку позитивни охриѓани на едно место. Еуфорија, радост, насмевки…

Секоја чест за организацијата и честитки за сите учесници…

После овој настан, си викам: „Охрид можиТ“ 🙂

НАЈБРАВО !!!


Кате Бујароска Анѓелеска

Проф. по физичка култура, Охрид

Партнери

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image

Пријатели

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image