#Pic2Go е најнов спортски систем за споделување на вашите фотографии.
Само со регистрацијата на вашиот стартен број (пред, за време или после трката), вашите фотографии ќе бидат автоматски објавувани на вашиот Facebook профил (претходно одобрено од вас).
На вашиот стартен број се наоѓа унифициран баркод. За време на трката неколку фотографи од различни позиции ќе ги фотографираат учесниците на трката. Секоја фотографија од вас после трката автоматски ќе биде објавена на вашиот Facebook тајмлајн, само доколку после трката го внесете вашиот стартен број на оваа страна.
За да работи целиот процес на препознавање, мора да внимавате вашиот стартен број да биде видлив пред, во текот на трката, и после трката.
Напомена: Пријавувањето за бесплатни фотографии ќе биде активно на ова место во Недела после трката. Се што треба да направите е да го внесете вашиот стартен број и да ги прифатите условите за користење на апликацијата на Pic2Go Macedonia.
Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.
од 1 до 31 декември 2021 | од 1 јануари до 31 март 2022 | од 1 април до 14 мај 2022 |
1200ден | 1500ден | 1800ден |
Регистрацијата се затвара на 14 Мај 2022, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 700 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Напомена:
Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2021 година при Атлетската Федерација на С. Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.жени / мажи | |
1 место | 300 EUR |
2 место | 200 EUR |
3 место | 100 EUR |
Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со медал, диплома, букет цвеќе и пакет производи од Еуро Фарм. Исто така првите три места од машка категорија ќе бидат наградени со манжетни, додека од женската категорија со медаљони изработени од традиционалниот Охридски филигран „Македонски рубин“. Ваучер во вредност од 1000ден. од Голд Фелициа за освоено прво место во машка и женска категорија. СН Финансии и ЈК Травел доделуваат вредностни ваучери во машка и женска категорија и тоа: 6000ден. за освоено прво место, 4000ден. за освоено второ место и 2000ден. за трето место. Пакет награди од Голд Слот и Евротип за освоено 1, 2 и 3 место во машка и женска категорија.
Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Доколку сакате да добиете информации околу групните пријави за настанот Охрид трчаТ Ве молиме пополнете ја контакт формата со кликање на копчето подолу.
Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.
од 1 декември 2021 до 14 мај 2022 |
700ден |
Регистрацијата се затвара на 14 Мај 2022, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 700 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медал, диплома, букет цвеќе и пакет производи од Еуро Фарм. Исто така првите три места од машка категорија ќе бидат наградени со манжетни, додека од женската категорија со медаљони изработени од традиционалниот Охридски филигран „Македонски рубин“. Ваучер во вредност од 1000ден. од Голд Фелициа за освоено прво место во машка и женска категорија. СН Финансии и ЈК Травел доделуваат вредностни ваучери во машка и женска категорија и тоа: 6000ден. за освоено прво место, 4000ден. за освоено второ место и 2000ден. за трето место. Пакет награди од Голд Слот и Евротип за освоено 1, 2 и 3 место во машка и женска категорија.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 21 километaр. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.
5 К ____________________________
21 К ____________________________
од 1 до 31 декември 2021 | од 1 јануари до 31 март 2022 | од 1 април до 14 мај 2022 |
5K / 21K | 5K / 21K | 5K / 21K |
700 / 1200 денари | 700 / 1500 денари | 700 / 1800 денари |
Регистрацијата се затвара на 14 Мај 2022, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 700 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.
Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 21км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медали, дипломи, букети цвеќе како и пехар за првопласираните.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Штафетниот полумаратон е дел од целиот настан Охрид трчаТ. Тoj пред се е наменет за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката. Штафетниот полумаратон се трча во пар. Парот мора да бидe од ист пол, односно двајца мажи или две девојки. Замената на штафетата се прави на едно место, односно на 10.548 км (местото е назначено на мапата).
до 14 мај 2022 |
2400ден |
Регистрацијата се затвара на 14 Мај 2022, 23:59 или доколку е исполнет максималниот број на учесници. Максималниот број на учесници е 100, односно 50 парови. Паровите мора да се од ист пол, односно 2 машки или 2 женски тркачи. За регистрација после затварањето котизацијата ќе изнесува 2400 денари и во овој случај пријавените добиваат само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Првите 3 места од штафетнинот полумаратон во машка и женска категорија ќе бидат наградени со медали, дипломи, букети цвеќе како и пехар за првопласираните. Ваучер во вредност од 1000ден. за освоено прво место во машка и женска категорија од Голд Фелициа.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!