ТРКА 21K


НЕДЕЛА, 30. АВГУСТ 2020 – 07:30

Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Ранец
  • Персонални фотографии овозможени од Pic2Go
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 20-ти Август 2020, 23:59. На стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Разгледување на стариот дел од градот со професионален туристички водич
  • Медал на крај од трката
  • Ланч пакет
  • Магнет
  • Паста ваучер за ноќна трка на 28-ми Август
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Осигурување за време на траење на трката
  • Бесплатни влезници за Света Софија, локалитетот Плаошник, Самоиловата тврдина и Музејот на вода “Заливот на коските”.

до 31 декември 2019 до 29 февруари 2020 до 23 август 2020
1000ден 1250ден 1500ден

Напомена: Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2019 година при Атлетската федерација на Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.

Регистрацијата се затвара на 23 Август 2020, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 2000 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.


жени / мажи
1 место 300 EUR
2 место 200 EUR
3 место 100 EUR

Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со охридски бисер од фамилија Мишо Филев (рачни изработки наменети и за жени и за мажи), медал, диплома, букет цвеќе и подарок од нашите пријатели FitLab и Kares, подарок од нашиот партнер Asics како и подарок од нашиот пријател Еурофарм.

Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.

Право на учество на трката на 21к имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– на денот на трката да се постари од 18 години

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (23 Август 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


21К РЕЗУЛТАТИ 2020



  • 1. Dario IVANOVSKI1:16:23
  • 2. Atanas ANCEVSKI1:16:35
  • 3. Milos RANCIC1:17:10
  • 4. Aleksandar KIRADZIEV1:17:32
  • 5. Kokan AJANOVSKI1:18:41

  • 1. Biljana KIRADZIEVA1:26:43
  • 2. Miljana RISTIC1:26:57
  • 3. Adrijana POP ARSOVA1:29:18
  • 4. Irena STOIMENOVA1:45:48
  • 5. Zhaneta BOGATINOVSKA ILIEVA1:50:06

ЦЕЛА ЛИСТА