29 Септември

Бајраче треил

Бајраче Треил е планинска трка која започнува во с. Елшани и го трасира својот пат кон излетничкото место Корита. Патеката оттука се искачува до својата највисока точка – врвот Лако Сигној кој ќе ве остави без зборови, а следен за искачување е и врвот Бајраче. Тркачите ќе имаат можност да навигираат по прекрасни патеки спуштајќи се по западната страна на Галичица, со триумфален финиш во с. Пештани.

ПРИЈАВИ СЕ




СТАРТЕН ПАКЕТ

Бајраче треил


  1. Техничка маица
  2. Медал – финишер
  3. Стартен број
  4. Освежување и храна
  5. Подароци од спонзорите

Трките во Вертикален Километар ќе имаат рана и редовна пријава. Цената на Бајраче Треил за рана пријава изнесува 1200мкд, а за редовна пријава 1500мкд. Покрај пријава на една од трките, тркачите може да се пријават да трчаат и на 2-те трки, за што следува и попуст. Тоа може да го направите со пријава на Комбинираната трка (Вертикал + Треил). Краен датум на раната пријава е 31.03.2024, додека крајот за регистрации на сите трки е 21.09.2024 (доколку не биде пополнет предвидениот број).

Со уплата на котизацијата, секој натпреварувач добива стартен пакет. Рефундирање на уплатена котизација се прави само во случај на откажување на трката поради вина на организаторот. За сите останати причини (виша сила) над кои Организаторот нема надлежност, а може да доведат до откажување на трката нема да се врши рефундирање на  средствата.

Пријавувањето од натпреварувачи кои се суспендирани поради допинг во било кој спорт нема да биде прифатено.




ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА

БАЈРАЧЕ ТРЕИЛ

Оваа година настанот ќе биде побогат со уште една трка, Бајраче Треил. Трката се испреплетува низ најсликовитите делови од планината, откривајќи нови недопрени патеки кои прикажуваат прекрасен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро. Почнувајќи од с. Елшани вгнездено на падините на Галичица на околу 900 мнв. патеката се движи во близина на селата Пештани на југ и Коњско на север. Финишот ќе биде во селото Пештани.

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде во Ресторан “Кај Местоно” с.Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.
во период од 07:00 до 08:00 часот, на 29.09.2024. Учесниците кои сакаат да остават дроп бег, кој ќе им биде потребен после завршување на трката тоа можат да го сторат на самото подигање на стартниот пакет.


ПРИЈАВИ СЕ

Регистрирани тркачи



ВИСИНСКА РАЗЛИКА И РУТА

1500м елевација (позитивна денивелција).




ПРОСЕЧЕН НАКЛОН




ДОЛЖИНА НА ПАТЕКА

Должината на патеката изнесува 22 km.




НАДМОРСКА ВИСИНА


ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА


  • Награди
  • Освежителни станици
Награди

Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Првопласираните ќе бидат наградени со богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.

Освежителни станици