Детска трка


Традиционално АК Охрид трчаТ организира детска трка за најмалите охриѓанчиња. Од оваа година на наше големо задоволство започнуваме нова традиција во која секоја година сите првачиња на територија на Општина Охрид ќе имаат можност да се дел од Охрид трчаТ Детска трка. Инаку станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер) и вода. Оваа година покрај традиционалните подджувачи на Охрид трчаТ Детска трка Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид особена чест ни е што Делегацијата на ЕУ во Република Македонија одлучи да го поддржи настанот и заедно со дечињата и со сите нас да го одбележи денот на Европа (9 мај), да ги промовира европските вредности за здрави навики и секако да придонесе кон градењето на повисока свест за спортување. Дополнително новина за овогодинешното издание на Охрид трчаТ Детска трка е нашата посветеност кон животната средина и нејзината заштита така што паролата на трката за оваа година е тркачко зелена, Run and Be GREEN!
Добредојдовте првачиња на Охрид трчаТ детска трка!
Детската трка е за дечиња кои се во прво одделение и неа заедно ја организираме со Сојузот на училишен спорт од Охрид.
Нашата цел е да го промовираме трчањето кај децата, заради тоа што, трчањето е забавно, секој може да си го дозволи, многу лесно се учи, помага во развојот на другите спортови, трчањето е за секого, промовира здрави навики и најбитното трчањето е превентива за развојот на деформитетите кај најмладите.

Кога?
09 Мај 2022 (Понеделник)
Старт 12 часот

Локација
Градски стадион Билјанини извори

Должина 100 метри
Старт – Кеј Македонија, кафе бар Објектив
Цел – Кеј Македонија, плато на Дом на Култура

ОТКАЖАНО

поради ситуацијата со COVID-19

Контакт: ohridtrcat@gmail.com