


Подигањето на стартните пакети ќе биде на самата плажа на 50-тина метри од центарот на c. Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.
Пријавувањето на детската трка е бесплатно и се врши исклучиво преку нашата веб страна. Детската трка ќе има две категории на возрасти и тоа 2011-2013 и 2014-2017. Секое пријавено дете на денот на трката треба да го носи стартното бројче.
Најголем дел од рутата поминува по широк земјен пат каде што се совладува висинска разлика од 80m.
Просечниот наклон на патеката е околу 3.5 %.
Пештани детски треил е трка во должина од приближно 1.7km.
Надморската височина која се достигнува на оваа трка изнесува 788m.
Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Првопласираните ќе бидат наградени со богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.
За време на трката ќе има 1 освежителнa станица со вода која се наоѓа на половина од патеката.