Што претставува детска атлетика ?

Интересни, креативни и атрактивни тренинзи организирани преку игра,  каде децата учат правилна техника на трчање, скокање и фрлање, како и ги развиваат основните моторни способности – брзина, издржливост, флексибилност, координација, сила и рамнотежа, ја подобруваат спортската култура и стекнуваат самодоверба и здрава работна навика, а се тоа преку забава и игра со врсниците.


ОТВОРЕН ДЕН СО РОДИТЕЛИ

ОТВОРЕН ДЕН СО РОДИТЕЛИ за уписи или ако имате потреба за разговор ве очекуваме секоја среда од 19:30 до 21:00 часот во канцеларија на АК „Охрид трчаТ“ на ул.„Булевар Туристичка“ М.Б1 објект на Гранит наспроти ООУ „Григор Прличев “. Доколку не сте во можност да дојдете среда во канцеларија, уписот и разговорот може да се реализира на спортски стадион „Билјанини Извори“ во предвидените термини за тренинг.

Отворениот ден со родители моментално е во мирување се до 1 Септември. За било какви дополнителни информации Ве молиме обратете се на долунаведените телефони за контакт.

Општи информации и Услови за упис
на Охрид трчаТ Детска Атлетика

Општи информации

  • Чланарината за еден месец изнесува 1000 денари, за секој дополнителен член од исто семејство (брат или сестра) Ве следува 20% попуст на вкупната месечна чланарина.
    Напомена: Доколку сакате да учестувате само на еден тренинг се наплатува 150 денари.
  • Термини – вторник и четврток од : прва група 17-18 часот, втора група 18-19 часот, трета група од 19-20 часот на Градскиот стадион „Билјанини Извори “- Охрид.
  • Тренинзите тековно се договараат на Градскиот стадион „Билјанини Извори “- Охрид.
  • Активности ќе се реализираат и во сабота во договор со родителите.
  • Плаќањето на чланарината се врши исклучиво со уплата на тековната сметка на А.К. “Охрид трчаТ”. (подолу ги имате потребните информации)
  • Ако уписот е до 15-ти во месецот се плаќа целиот износ на чланарината, а после 15-ти во месецот се плаќа пола од износот на чланарината за тековниот месец, секој нареден месец се плаќа целиот износ.
  • Уплата за тековниот месец треба да се реализира до 10-ти во наредниот месец.
  • Со упис во Охрид трчаТ Детска атлетика секое дете добива маица која ќе биде доставена во текот на првиот месец после самиот упис.
  • При упис секој родител/старател добива папка со следни документи:
    1. Пријава за упис (потпишана останува во клубот)
    2. Кодекс на однесување на (родители, атлетичари, официјални лица од клубот и тренери)
    3. Согласност за обработка на лични податоци (потпишана останува во клубот)
    4. Општи информации и услови за упис

Услови за упис

  • Детето мора да има најмалку 5 години за да биде дел од Детската атлетика.
  • За да се стане член во Охрид трчаТ Детска атлетика задолжително мора родителот/старателот да достави лекарско уверение од матичен доктор или спортски доктор за здравствената состојба на детето.
  • Пријавата за упис мора да се потпише од страна на родител/старател.

Информации за уплата на месечен надоместок за Детска Атлетика

Целна дознака
Детска Атлетика, име и презиме за кого и месец

Назив на примачот
Атлетски клуб Охрид трчаТ

Банка на примачот
Халк Банка

Сметка
270-0727965501-87

Зошто треба Вашите деца да ја изберат
детската атлетика ?

Атлетиката е спорт составен од движења
кои се природни за човечкото тело

Трчањето, скокање и фрлање се вродени и природни движења на човекот.

Природна околина за тренирање

Поголемиот дел од годината тренинзите се одржуваат на отворено, на свеж воздух, во природа и на природна светлина.

Детската атлетиката рамномерно ги подобрува
физичките способности на целото тело

На тренинзите се подобруваат физичките способности како сила, брзина, координација, издржливост и флексибилност. Нема предвремена специјализација за одредени дисциплини така што детската атлетиката е одличен избор за правилен и сестран псохофизички развој на детето.

Се развива дисциплина, работна
навика како и лична одговорност

Најголемиот дел од натпреварите во атлетиката се поединечни, секој за својата атлетска дициплина ,тоа кај децата развива лична одговорност за сопствениот резултат и на таков начин се стекнува со поголема секојдневна човечка одговорност.

Еднаквост

Атлетиката е особено инклузивен спорт. Момчињата и девојчињата тренираат заедно, имаат ист тренер и се натпреваруваат во иста пригода. Им се дадени еднакви можности и платформи за учество, без разлика дали е за забава или за елитно ниво.

Го зголемува долгорочното здравје

Трчањето, преку својата едноставност, практичност и пристапност, значи дека вашето дете може да добие навика да биде активно во текот на целиот живот, зголемувајќи го своето здравје на долг рок.

Ја зголемува самодовербата

Со учење на добри фундаментални вештини за движење, децата развиваат самодоверба. Да се ​​има добар „јазик на движење“ значи дека тие ќе бидат подготвени за секакви спортски предизвици без разлика кој спортски избор би го имале во својата иднина.

Забавно е

Мит е дека атлетиката е индивидуален спорт. Од малолетници до сениори, тренинзите обично се во групи каде се дружат, мотивираат и поддржуваат постојано. Секој клуб е семејство и секое натпреварување е нова шанса да се стекнат нови пријатели.

Атлетиката е основа и темел на сите спортови и затоа второто нејзино име е Кралица на спортовите. Во неа нема губитници, сите се победници, некој со резултат, некој со своето учество, некој со стекнати навики, некој со стекнати пријателства.

Почитувани родители, охрабрите ги Вашите деца и Бидете дел од нашата Охрид трчаТ Детска Атлетика, Ви ветуваме голема посветеност, креативност и многу позитивна енергија.

 

Со почит,