Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.
Место: Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Датум: 27.08.2023 година, Недела
Последен ден за пријавување е 20 август, 23:59. Последен ден за пријавување во кое ќе имате можност да додадете и Dry Fit маица е 6 Август, 23:59. Бројот на натпреварувачи е ограничен, пријавите може да се затворат и порано доколку се пополни предвидениот број.
Категории | Година на раѓање |
Сениори/ки | 2003 год. и постари |
Јуниори/ки | 2004 год. – 2007 год. |
Кадети/ки | 2008 год. – 2010 год. |
Деца 2 | 2011 год. – 2013 год. |
Деца 1 | 2014 год. и помлади |
Мастерс 1 | 1983 год. – 1993 год. |
Мастерс 2 | 1972 год. – 1982 год. |
Мастерс 3 | 1971 год. и постари |
Категорија |
Пливање | Трчање |
Сениори/ки |
1 км |
5 км |
Јуниори/ки Кадети/ки Мастерс |
500 метри |
3 км |
Деца 2 |
200 метри |
1.5 км |
Деца 1 | 100 метри |
750 метри |
Стартен пакет – чип (се издава при регистрација на трката во недела), обичен ранец, подарок од спонзори, осигурување и Dry Fit маица доколку сте ја избрале таа опција. Издавањето на стартниот пакет ќе биде во Сабота на 26.08.2023 од 10:00 – 20:00 часот на плажата К’Ј Дивоно (мапа). Истиот ден од 17:00 – 18:00 часот на плажата К’Ј Дивоно ќе бидеме достапни за сите оние кои имаат потреба од дополнително објаснување за патеката и секако да одговориме на прашања кои би ги имале во врска со трките, мапите и се останато.
Напомена: Оганизаторот го задржува правото да го менува стартниот пакет.
Пливањето се одвива на плажата КЈ Дивоно и таа е поставена како триаголник. Стартот е пред самата плажа и е од вода. Мапа за патеката е во изработка и ќе ја објавиме штом е готова.
Трчањето се одвива на патеката Студенчишта до нејзината крајна точка во близина на мостот кај каналот Студенчишта. Мапата за патеката за трчање е во изработка и ќе ја објавиме штом биде готова.
Трката е официјално Државно првенство во Акватлон.
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
Пријавување:
07:00h – 08:00h
Саатница по трки:
Саатницата дополнително ќе се објави и таа зависи од вкупниот број на учесници по категории.
Напомена: Доколку вкупниот број на учесници го надмине предвидениот за 2023 година по категории, организаторот го задржува правото да дел од трките ги премести за 26 Август, Сабота, за што сите учесници ќе бидат благовремено известени.
Транзицијата ќе биде на бетонската подлога одма после излегувањето од вода и таа ќе биде поставена од двете страни со соодветна маркација на броеви.
На патеката за трчање ќе има две освежителни станици на кои ќе има вода, електролити и овошје.
Мапата е во изработка за старт/финиш зоната и за патеката на трчањето.
Секој учесник кој ќе ја заврши трката ќе добие медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи ќе добијат медал и диплома.