27 – 29 Септември




FACEBOOK

Пештани Екстрим Вертикал



INSTAGRAM

Пештани Екстрим Вертикал


Контакт


Бул. Туристичка М. Б1, Охрид, С. Македонија

+389 78 668353

peshtaniextremevk@gmail.com

УЧЕСТВУВАЈ НА СЛЕДНИТЕ

ТРКИ



2̶6̶0̶0̶
КОМБИНИРАН ТРЕИЛ

2000ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Со пријавувањето на Комбинираниот треил вие станувате учесници и на двете трки, Вертикал 5km и Барјаче треил. Комбинираниот треил (Пештани вертикал 5km + Бајраче треил) претставува збир на резултатите од Пештани вертикал 5km и Бајраче треил. Се бодува со бодовна скала и така се одлучува победникот во двете трки.
  • Датум: 28-29.09.2024

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИПРИЈАВИ СЕ


1̶6̶0̶0̶
ВЕРТИКАЛ 5km

1200ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Должината на патека е околу 5km во кои се совладуваат околу 1.150m позитивна денивелација.
  • Датум: 28.09.2024

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИПРИЈАВИ СЕ


1̶5̶0̶0̶
БАЈРАЧЕ ТРЕИЛ

1200ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Оваа година настанот ќе биде побогат со уште една трка, Бајраче Треил. Трката се испреплетува низ најсликовитите делови од планината, откривајќи нови недопрени патеки кои прикажуваат прекрасен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро.
  • Датум: 29.09.2024

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИПРИЈАВИ СЕ


БЕСПЛАТНО
ДЕТСКА ТРКА

0ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Патеката е долга 1.7km со висинска разлика од 80m. Право на учество имаат сите деца родени од 2009 до 2015, односно од 9 до 15 годишна возраст.
  • Датум: 28.09.2024

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИПРИЈАВИ СЕ


*Учество на трките кои се дел од настанот “Пештани Екстрим Вертикал”, подразбира безусловно прифаќање на правилата како и прифаќање на сите инструкции за учесниците дадени од страна на Организаторот и Директорот на трката. Детската трка е на сопствена одговорност, каде родителот при подигање на стартниот пакет потпишува согласност и организаторот не презема никаква одговорност при несакани повреди.


Правила и Прописи

ОПРЕМА


Од безбедносни причини и за непречено одвивање на секоја трка натпреварувачите мора да располагаат со содветна опрема. Важно е да се знае дека опремата која се бара од Организаторот е неопходниот минимум, но секој натпреварувач треба да се прилагоди на неговите сопствени потреби. Токму поради тоа Организаторот утврдува само листа на препорачана опрема која што секој натпреварувач треба да ја има со себе. Строго е забранета употреба на планинарски стапчиња и се друго што ја спречува употребата на двете раце.


ПРЕПОРАКА ОД ОРГАНИЗАТОРОТ


Ветроотпорна јакна (шушкавец)



Мобилен телефон со полна батерија



0,5л. вода и енергетски барови



Нараквици и капче


ЗА ПЕШТАНИ

Љубопитни сте и сакате да научите повеќе околу селото Пештани?



КАКО ДО ПЕШТАНИ?

Погледнете каде се наоѓа Пештани на мапа.



АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Доколку сакате да го користете јавниот превоз за да пристигнете до Пештани, погледнете го распоредот на автобуските линии.


ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКИТЕ


  • Временски услови
  • Откажување од трката и симнување по завршување на трката
  • Поддржувачи на патека
  • Маркација
  • Измени и модификации
Временски услови

За временските услови учесниците ќе бидат известени во текот на неделата на одржување на трката. Дотогаш условите на планината Галичица може да ги следите на копчето за временски услови подолу.


Временски услови
Откажување од трката и симнување по завршување на трката

Секој учесник може да се откаже за време на трката доколку се соочи со некакви проблеми, при што мора да ги извести надлежни лица на Организаторот за неговото откажување. Спуштањето на учесниците до селото Пештани, по завршување на трката, ќе се одвива по маркирана рута, различна од онаа на качување. Рутата ке биде јасно обележана и маркирана. Препорачливо е групирање на учесниците во групи од неколку лица за заедничко спуштање до с.Пештани. Исто така, организаторот ќе има свои луѓе со кои натпреварувачите, групно, би можеле да се спуштат до селото Пештани.

Поддржувачи на патека

Бидејќи рутата на трката е трасирана во планинска средина со специфични географски услови, долж патеката, секој еден поддржувач кој ќе сака да биде дел од патеката ќе мора строго да ги почитува насоките на организаторот. Присуството на поддржувачите долж патеката е на нивна одговорност и организаторот не сносува одговорност во случај на било каква незгода. На сите поддржувачи им препорачуваме, после бодрењето на патеката, да се симнат на старт на патеката каде ќе можат да ги пречекаат сите учесници после завршувањето на трката но и ќе се дел од официјалната церемонија на прогласувањето на победниците.

Маркација

Патеката ќе биде маркирана со ленти. Лентите ќе бидат со должина од 1 метар и ќе бидат поставени на секои 20-30 метри. На места патеката ќе биде затворена од двете страни со долги ленти со цел да не може да се скршне од самата патека.

Измени и модификации

Организаторот го задржува правото да ги измени овие правила во секое време од причини што смета дека се соодветни за подобра организација на трката. Секоја промена која што ќе биде направена и е поврзана со некоја од клучните работи на трката, ќе биде соопштена на веб страната и социјалните мрежи на настанот како и на Вашиот мејл кој е оставен при регистрацијата за настанот.

Покровител



Партнери

Aspect image
Aspect image

Пријатели

Aspect image
Aspect image
Aspect image