Општи правила и прописи

  • Право на учество на трките на 21к, 5к, team building и штафетен полумаратон имаат сите државјани на Република С. Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
    • 21к – на денот на трката да се постари од 18 години
    • – сите возрасти (за малолетници под 10 години задолжително присуство на еден возрасен)
    • Team Building – сите возрасти (за малолетници под 10 години задолжително присуство на еден возрасен)
    • Team Building 21к – на денот на трката да се постари од 18 години
    • Штафетен полумаратон – на денот на трката да се постари од 18 години
  • Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска Федерација на С. Македонија (АФСМ).
  • Го овластувам Организаторот на настанот да има ексклузивно право врз фотографиите и видео снимките во кои што сум прикажан лично а кои што се создадени за време на настанот, и да ги користи ексклузивно за потребите на промоцијата на настанот, и за што нема да добијам финансиска надомест за возврат.
  • Обработката на личните податоци ќе се користи исклучиво за потребите на настанот Охрид трчаТ.
  • Строго се забранува замена на стартен број и учество на трката без претходна регистрација во системот на Охрид трчаТ.
  • Нема да има опција за поврат на средства туку само за префрлање за наредните изданија доколку настанот се одложи или откаже.
  • За групните пријави краен рок е 30 Април 2024, 23:59.
  • Краен рок за регистрација со маица е 30 Април 2024, 23:59 за трките 21К и Штафетен полумаратон, додека за 5К трката останува до крајот на пријавите односно 19 Мај 2024, 23:59. Пријавените учесници после овие датуми нема да добијат маица.
  • За секакви корекции и измени на поединечни или групни пријави после 30 Април 2024, 23:59 до затварање на пријавите на 19 Мај 2024, 23:59 ќе се доплаќа износ од 300 ден. После извршената уплата ќе се направат измените. Информации за тоа како треба да биде извршена уплатата преку уплатница можете да најдете подолу.
    Назив на налогопримач: АТЛЕТСКИ КЛУБ ОХРИД ТРЧАТ – ОХРИД
    Адреса: ДАМЕ ГРУЕВ БР Б1-7, 6000 ОХРИД
    Трансакциска сметка: 200004096438905
    Банка: СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
    Цел на дознака: Барање за корекција на стартен број
    Износ: 300 ден.
  • Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
  • Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.
  • Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.
  • Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата.
  • Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.
  • Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.
  • Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).
  • Регистрацијата се затвара на 19 Мај 2024, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 900 денари за 5км, 1800 денари за 21км и 2400 денари за штафетен полумаратон во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.

Team Building 5K / 21K

  • При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).
  • ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.
  • Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 и 21 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.
  • Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
  • Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Штафетен полумаратон

  • Бројот на учесници на штафетниот полумаратон е ограничен на 200 учесници, односно 100 парови.
  • На сите тимови им се доделуваат три стартни броја, на едниот има електронски чип кој се носи од старт до финиш и два кои немаат електронски чип и кој се за двајцата учесници.
  • Паровите за штафетен полумаратон може да бидат машки, женски и мешани.
  • Замената на штафетата се прави на едно место кое е назначено на мапата.
  • Секоја штафета мора да има свое уникатно име.
  • Членовите на штафетата не смее да бидат пријавени во друга трка, во спротивно следува дисквалификација.
  • Во листата на резултати ќе има машко, женско и мешано рангирање.
  • Натпреварувачот/ката не смее да биде пријавен/а за две екипи. Доколку тоа се случи натпреварувачот/ката ќе биде дисквалификуван/а од рангирањето на екипата.