Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.


Место: Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Датум: 29.08.2026 година, Сабота
Последен ден за пријавување е 23 Август, 23:59. Последен ден за пријавување во кое ќе имате можност да додадете и Dry Fit маица е 16 Август, 23:59. Бројот на натпреварувачи е ограничен, пријавите може да се затворат и порано доколку се пополни предвидениот број.
| Категории | Година на раѓање |
| Сениори/ки | 2006 год. и постари |
| Јуниори/ки | 2007 год. – 2010 год. |
| Кадети/ки | 2011 год. – 2013 год. |
| Деца 2 | 2014 год. – 2016 год. |
| Деца 1 | 2017 год. и помлади |
| Мастерс 1 (возраст 30-39) | 1987 год. – 1996 год. |
| Мастерс 2 (возраст 40-49) | 1977 год. – 1986 год. |
| Мастерс 3 (возраст 50+) | 1976 год. и постари |
|
Категорија |
Пливање | Трчање |
| Сениори/ки |
1 км |
5 км |
| Јуниори/ки Кадети/ки Мастерс |
500 метри |
3 км |
|
Деца 2 |
200 метри |
1.5 км |
| Деца 1 | 100 метри |
750 метри |
Стартен пакет:
Издавањето на стартниот пакет ќе биде во Петок на 28.08.2026 од 16:00 – 19:30 часот на плажата К’Ј Дивоно (мапа). Истиот ден на плажата К’Ј Дивоно ќе бидеме достапни за сите оние кои имаат потреба од дополнително објаснување за патеката и секако да одговориме на прашања кои би ги имале во врска со трките, мапите и се останато.
Напомена: Оганизаторот го задржува правото да го менува стартниот пакет.
Пливањето се одвива на плажата КЈ Дивоно и таа е поставена како триаголник. Стартот е пред самата плажа и е од вода.
Трчањето се одвива на патеката Студенчишта до нејзината крајна точка во близина на мостот кај каналот Студенчишта.
Трката е официјално Државно првенство во Акватлон.
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
16:00 – 19:30 Слободен тренинг пливање и трчање
16:00 – 19:30 Поделба на стартните пакети и броеви
18:00 – 19:00 Објаснување на патеката за Акватлон
7:00 – 7:30 Маркирање на натпреварувачите и делење на чип за Сениори, Јуниори и Кадети
7:15 – 7:45 Отворена Транзиција за Сениори, Јуниори и Кадети
7:30 – 7:50 Загревање за пливање за Сениори
7:50 Повикување за старт на Сениори
8:00 Старт за Сениори
8:20 – 8:35 Загревање за пливање за Јуниори и Кадети
8:35 Повикување за старт на Јуниори и Кадети
8:45 Старт за Јуниори и Кадети
9:00 – 9:30 Маркирање на натпреварувачите и делење на чип за Мастерс
9:15 – 9:45 Отворена Транзиција за Мастерс
9:30 – 9:50 Загревање за пливање за Мастерс
9:50 Повикување за старт на Мастерс
10:00 Старт за Мастерс
10:10 – 10:30 Маркирање на натпреварувачите и делење на чип за Деца 1 и Деца 2
10:20 – 10:50 Отворена Транзиција за Деца 1 и Деца 2
10:55 Повикување за старт на Деца 2
11:00 Старт за Деца 2
11:15 Повикување за старт на Деца 1
11:20 Старт за Деца 1
11:45 Прогласување на најдобрите во сите категории Охрид Акватлон
Напомена: Доколку вкупниот број на учесници го надмине предвидениот за 2026 година по категории, организаторот го задржува правото да дел од трките ги премести за 28 Август, Петок, за што сите учесници ќе бидат благовремено известени.
Транзицијата ќе биде на бетонската подлога одма после излегувањето од вода и таа ќе биде поставена од двете страни со соодветна маркација на броеви.
На патеката за трчање ќе има две освежителни станици на кои ќе има вода, електролити и овошје.
Старт/финиш зоната и патеката на трчањето се означени на мапата.
Секој учесник кој ќе ја заврши трката ќе добие медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи ќе добијат медал и диплома.