Што е Акватлон?

Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.

ПРИЈАВИ СЕ


FACEBOOK

Охрид трчаТ Акватлон



INSTAGRAM

Охрид трчаТ Акватлон



Кој може да учествува?

  1. Сите регистрирани спортисти во ТФМ, членови на клубовите и сите рекреативци кои сакаат да се натпреваруваат. Учеството е на сопствена одговорност и сите учесници потпишуваат изјава за тоа, во име на децата тоа го прават нивните родители/старатели.
  2. МОРА ДА МОЖЕТЕ ДА ПЛИВАТЕ БЕЗ ПОМАГАЛА ЗА ПЛИВАЊЕ и треба да бидете способни самоуверено да го препливате растојанието за вашата возрасна група (види табела Категории по генерации подолу).
  3. Сакаме да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да учествуваат на натпреварот но ние како организатори го задржуваме правото да одбиеме влез на учесници за кои сметаме дека не ги исполнуваат овие неопходни услови

Што ќе ми треба на денот на натпреварот?

  1. Ќе ви треба костим за капење, очила по желба и пешкир. За трчање ќе ви требаат и маица, обувки за тренирање/трчање.
  2. Никој што се натпреварува во Акватлон не смее да носи накит.

На денот…

  1.  Ќе треба да пристигнете навреме за да се регистрирате, каде што ќе ви биде даден вашиот чип. Дополнително ќе Ве маркираме и со фломастер.
  2. Сите натпреварувачи ќе добијат медал на крајот на трката.
  3. Сите резултати/пласмани на натпреварувачите за секоја возрасна група ќе бидат достапни на веб страната на нашиот официјален мерач на натпреварот Tag timing Macedonia.

Биди дел од Охрид трчаТ
Акватлон 2024

Место: Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Датум: 25.08.2024 година, Недела

Последен ден за пријавување е 18 август, 23:59. Последен ден за пријавување во кое ќе имате можност да додадете и Dry Fit маица е 4 Август, 23:59. Бројот на натпреварувачи е ограничен, пријавите може да се затворат и порано доколку се пополни предвидениот број.


Категории по генерации

Категории Година на раѓање
Сениори/ки 2004 год. и постари
Јуниори/ки 2005 год. – 2008 год.
Кадети/ки 2009 год. – 2011 год.
Деца 2 2012 год. – 2014 год.
Деца 1 2015 год. и помлади
Мастерс 1 1984 год. – 1994 год.
Мастерс 2 1973 год. – 1983 год.
Мастерс 3 1972 год. и постари

Дистанци

Категорија

Пливање Трчање
Сениори/ки

1 км

5 км

Јуниори/ки
Кадети/ки
Мастерс

500 метри

3 км

 Деца 2

200 метри

1.5 км

Деца 1 100 метри

750 метри


Издавање на стартни пакети

Стартен пакет – чип (се издава при регистрација на трката во недела), обичен ранец, подарок од спонзори, осигурување и Dry Fit маица доколку сте ја избрале таа опција. Издавањето на стартниот пакет ќе биде во Сабота на 24.08.2023 од 10:00 – 20:00 часот на плажата К’Ј Дивоно (мапа). Истиот ден од 17:00 – 18:00 часот на плажата К’Ј Дивоно ќе бидеме достапни за сите оние кои имаат потреба од дополнително објаснување за патеката и секако да одговориме на прашања кои би ги имале во врска со трките, мапите и се останато.

Напомена: Оганизаторот го задржува правото да го менува стартниот пакет.

Пливање

Пливањето се одвива на плажата КЈ Дивоно и таа е поставена како триаголник. Стартот е пред самата плажа и е од вода.

Трчање

Трчањето се одвива на патеката Студенчишта до нејзината крајна точка во близина на мостот кај каналот Студенчишта.

Котизација

  • Мастерс, Сениори, Јуниори и Кадети – 900 ден.
  • Деца 2 – 600 ден.
  • Деца 1 – бесплатно

Бодување

Трката е официјално Државно првенство во Акватлон.

Технички правила

Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.

Организација по време, 25 Aвгуст (Недела)

Пријавување:
07:00h – 08:00h

Почеток на трките:
08:30h – Мастер/Сениори/Јуниори/Кадети
09:30h – Деца 2
10:15h – Деца 1
11:00h – Церемонија на доделување

Саатница по трки:
Саатницата дополнително ќе се објави и таа зависи од вкупниот број на учесници по категории.

Напомена: Доколку вкупниот број на учесници го надмине предвидениот за 2024 година по категории, организаторот го задржува правото да дел од трките ги премести за 24 Август, Сабота, за што сите учесници ќе бидат благовремено известени.

Транзиција

Транзицијата ќе биде на бетонската подлога одма после излегувањето од вода и таа ќе биде поставена од двете страни со соодветна маркација на броеви.

Освежителни станици

На патеката за трчање ќе има две освежителни станици на кои ќе има вода, електролити и овошје.

Старт/финиш зона

Старт/финиш зоната и патеката на трчањето се означени на мапата.

Награди

Секој учесник кој ќе ја заврши трката ќе добие медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи ќе добијат медал и диплома.

Покровител



Партнери

Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image
Aspect image

Пријатели

Aspect image
Aspect image
Aspect image