28-29 Септември

Комбиниран треил

Со пријавувањето на Комбинираниот треил вие станувате учесници и на двете трки, Вертикал 5km и Барјаче треил. Комбинираниот треил (Пештани вертикал 5km + Бајраче треил) претставува збир на резултатите од Пештани вертикал 5km и Бајраче треил. Се бодува со бодовна скала и така се одлучува победникот во двете трки.

ПРИЈАВИ СЕ




СТАРТЕН ПАКЕТ

Комбиниран треил


  1. Техничка маица
  2. Бандана
  3. Медал – финишер х2
  4. Стартен број х2
  5. Освежување и храна
  6. Подароци од спонзорите

Трките ќе имаат рана и редовна пријава. Цената на Комбинираниот треил (Вертикал 5km + Барјаче треил) за рана пријава изнесува 2000мкд, а за редовна пријава 2600мкд. Краен датум на раната пријава е 30.04.2024, додека крајот за регистрации на сите трки е 21.09.2024 (доколку не биде пополнет предвидениот број).

Со уплата на котизацијата, секој натпреварувач добива стартен пакет. Рефундирање на уплатена котизација се прави само во случај на откажување на трката поради вина на организаторот. За сите останати причини (виша сила) над кои Организаторот нема надлежност, а може да доведат до откажување на трката нема да се врши рефундирање на  средствата.

Пријавувањето од натпреварувачи кои се суспендирани поради допинг во било кој спорт нема да биде прифатено.




ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА

КОМБИНИРАН ТРЕИЛ

Подигањето на стартните пакети ќе биде на самата плажа на 50-тина метри од центарот на c. Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.


ПРИЈАВИ СЕ

Регистрирани тркачи Вертикал 5km

Регистрирани тркачи Бајраче Треил

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА


  • Награди
  • Освежителни станици
Награди

Награди се планирани за најдобрите тројца во машка и женска категорија кои ќе учествуваат на двете трки (комбинирано). За победа во било која трка победникот освојува 100 бодови, секоја позиција надолу носи по 10 бодови помалце, односно:

1 место = 100 бодови
2 место = 90 бодови
3 место = 80 бодови
4 место  = 70 бодови
5 место = 60 бодови
6 место = 50 бодови
7 место = 40 бодови
8 место = 30 бодови
9 место = 20 бодови
10 место = 10 бодови
11 место = 0 бодови

Во случај на ист број бодови на натпреварувачите, победник е оној кој остварил помало вкупно време од двете трки.

Наградите за најдобрите се следни:
1 место = 12.000мкд
2 место = 9.000мкд
3 место = 6.000мкд

Покрај паричните награди за натпреварувачите, ќе има богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.

Освежителни станици