“Пештани Екстрим Вертикал” е планинска трка од екстремен карактер во Охридското село Пештани. Трката започнува во подножјето на планината Галичица, од центарот на селото Пештани и се движи по директна вертикална линија по западниот дел на Галичица. Самата трка поминува низ несекојдневна и невообичаена патека, каква што ретко може да се најде на планината Галичица. Вертикалот завршува во близина на врвот Чумо Влага на околу 1800м надморска висина.



FACEBOOK

Пештани Екстрим Вертикал



INSTAGRAM

Пештани Екстрим Вертикал


Контакт


Бул. Туристичка М. Б1, Охрид, С. Македонија

+389 78 668353

peshtaniextremevk@gmail.com

АГЕНДА

УЧЕСТВУВАЈ НА СЛЕДНИТЕ

ДОСТАПНИ ТРКИ



ПРОМОТИВНО
ВЕРТИКАЛ 5km

1000ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Должината на патека е околу 5km во кои се совладуваат околу 1.150m позитивна денивелација.
  • Датум: 24.09.2023 | Време: 09:00 | Старт: Пештани (сред село)

ПРИЈАВИ СЕ


БЕСПЛАТНО
ДЕТСКА ТРКА

0ден.

ЦЕНА ПО ТРКАЧ
  • Патеката е долга 1.7km со висинска разлика од 80m. Право на учество имаат сите деца родени од 2008 до 2014, односно од 9 до 15 годишна возраст.
  • Датум: 23.09.2023 | Време: 12:00 | Старт: Пештани (сред село)



*Учество на трките кои се дел од настанот “Пештани Екстрим Вертикал”, подразбира безусловно прифаќање на правилата како и прифаќање на сите инструкции за учесниците дадени од страна на Организаторот и Директорот на трката. Детската трка е на сопствена одговорност, каде родителот при подигање на стартниот пакет потпишува согласност и организаторот не презема никаква одговорност при несакани повреди.


Правила и Прописи

ОПРЕМА


Од безбедносни причини и за непречено одвивање на секоја трка натпреварувачите мора да располагаат со содветна опрема. Важно е да се знае дека опремата која се бара од Организаторот е неопходниот минимум, но секој натпреварувач треба да се прилагоди на неговите сопствени потреби. Токму поради тоа Организаторот утврдува само листа на препорачана опрема која што секој натпреварувач треба да ја има со себе. Строго е забранета употреба на планинарски стапчиња и се друго што ја спречува употребата на двете раце.


ПРЕПОРАКА ОД ОРГАНИЗАТОРОТ


Ветроотпорна јакна (шушкавец)



Мобилен телефон со полна батерија



0,5л. вода и енергетски барови



Нараквици и капче


ЗА ПЕШТАНИ

Љубопитни сте и сакате да научите повеќе околу селото Пештани?



КАКО ДО ПЕШТАНИ?

Погледнете каде се наоѓа Пештани на мапа.



АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Доколку сакате да го користете јавниот превоз за да пристигнете до Пештани, погледнете го распоредот на автобуските линии.




СТАРТЕН ПАКЕТ

Вертикал 5km


  1. Стартен број
  2. Медал – финишер
  3. Маичка – драјфит
  4. Подарок капче од организаторот
  5. Освежување и храна
  6. Подароци од спонзорите

Со уплата на котизацијата, секој натпреварувач добива стартен пакет. Рефундирање на уплатена котизација се прави само во случај на откажување на трката поради вина на организаторот. За сите останати причини (виша сила) над кои Организаторот нема надлежност, а може да доведат до откажување на трката нема да се врши рефундирање на  средствата.

Пријавувањето од натпреварувачи кои се суспендирани поради допинг во било кој спорт нема да биде прифатено.




ПЕШТАНИ ЕКСТРИМ

ВЕРТИКАЛ 5km

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде во Ресторан “Кај Местоно” с.Пештани, во период од 10:00 до 17:30 часот, на 23.09.2023, како и на денот на трката 24.09.2023 од 08:00 до 08:30. Учесниците кои сакаат да остават дроп бег, кој ќе им биде потребен после завршување на трката тоа можат да го сторат на самото подигање на стартниот пакет.


Патека

Регистрирани тркачи



ВИСИНСКА РАЗЛИКА И РУТА

Најголем дел од рутата поминува низ каменести и карпести делови, земјени патеки и ливади каде што се совладува 1.150m висинска разлика.




ПРОСЕЧЕН НАКЛОН

Просечниот наклон на патеката е околу 23%, а на места достигнува и наклон од 35%-40%.




ДОЛЖИНА НА ПАТЕКА

“Пештани Екстрим Вертикал” е трка во должина од приближно 5km.




НАДМОРСКА ВИСИНА

Стартот е во селото Пештани, а финишот во близина на врвот Чумо Влага 1.801m надморска височина.


ВИДЕО ПРИКАЗ НА ПАТЕКА

Вертикал 5km

На следното видео можете да ја погледнете рутата по која ќе се трча на трката Вертикал 5km.



СТАРТЕН ПАКЕТ

Детска трка


  1. Стартен број
  2. Медал – финишер
  3. Маичка
  4. Подароци од спонзорите




ПЕШТАНИ ЕКСТРИМ

ДЕТСКА ТРКА

Стартните пакети ќе можат да се подигнат на 23.09.2023 од 10:00 до 11:30 часот.

Пријавувањето на детската трка е бесплатно и се врши исклучиво преку нашата веб страна. Детската трка ќе има две категории возрасни и тоа 2008-2010 и 2011-2014. Секое пријавено дете на денот на трката треба да ја носи маицата од трката и стартното бројче.


Патека



ВИСИНСКА РАЗЛИКА И РУТА

Најголем дел од рутата поминува по широк земјен пат каде што се совладува висинска разлика од 80m.




ПРОСЕЧЕН НАКЛОН

Просечниот наклон на патеката е околу 3.5 %.




ДОЛЖИНА НА ПАТЕКА

Пештани детска трејл трка е трка во должина од приближно 1.7km.




НАДМОРСКА ВИСИНА

Надморската височина која се достигнува на оваа трка изнесува 788m.


ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКИТЕ


  • Освежителни станици
  • Временски услови
  • Тимски пријави
  • Награди
  • Откажување од трката и симнување по завршување на трката
  • Поддржувачи на патека
  • Маркација
  • Измени и модификации
Освежителни станици

За време на трката ќе има 3 освежителни станици. Едната ќе биде лоцирана на стартот, втората ќе биде лоцирана на вториот километар, на половина пат од искачувањето и третата на финиш од трката.

Временски услови

За временските услови учесниците ќе бидат известени во текот на неделата на одржување на трката. Дотогаш условите на планината Галичица може да ги следите на копчето за временски услови подолу.


Временски услови
Тимски пријави

Покрај индивидуалното учество, на трката може да се направи и тимско учество. При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.

Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 3 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 3 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени). Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Награди

Церемонија за прогласување на победниците ќе се одржи во 14:00 часот во близина на самиот старт на трката во с.Пештани.


Награди за Детска трка:

Првопласираните организаторот ќе ги награди со медал, диплома, букет цвеќе како и стокови подароци од нашите поддржувачи.


Награди за Вертикал 5km:

Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Организаторот ќе обезбеди и парични награди и тоа:


Прво место – 9000 mkd


Второ место – 6000 mkd


Трето место – 3000 mkd

Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка, во рок од 30 дена.

Покрај паричните награди, првопласираните ќе бидат наградени и со медал, диплома и букет цвеќе како и подароци стокови од нашите поддржувачи.


Награди за тимско учество:

Исто така ќе има и соодветни тимски награди во машка и женска категорија, по принцип на најбрзо време на тимот. Во предвид ќе се земат резулатите на тимовите со минимум 3-ца натпреварувачи.

Откажување од трката и симнување по завршување на трката

Секој учесник може да се откаже за време на трката доколку се соочи со некакви проблеми, при што мора да ги извести надлежни лица на Организаторот за неговото откажување. Спуштањето на учесниците до селото Пештани, по завршување на трката, ќе се одвива по маркирана рута, различна од онаа на качување. Рутата ке биде јасно обележана и маркирана. Препорачливо е групирање на учесниците во групи од неколку лица за заедничко спуштање до с.Пештани. Исто така, организаторот ќе има свои луѓе со кои натпреварувачите, групно, би можеле да се спуштат до селото Пештани.

Поддржувачи на патека

Бидејќи рутата на трката е трасирана во планинска средина со специфични географски услови, долж патеката, секој еден поддржувач кој ќе сака да биде дел од патеката ќе мора строго да ги почитува насоките на организаторот. Присуството на поддржувачите долж патеката е на нивна одговорност и организаторот не сносува одговорност во случај на било каква незгода. На сите поддржувачи им препорачуваме, после бодрењето на патеката, да се симнат на старт на патеката каде ќе можат да ги пречекаат сите учесници после завршувањето на трката но и ќе се дел од официјалната церемонија на прогласувањето на победниците.

Маркација

Патеката ќе биде маркирана со ленти. Лентите ќе бидат со должина од 1 метар и ќе бидат поставени на секои 20-30 метри. На места патеката ќе биде затворена од двете страни со долги ленти со цел да не може да се скршне од самата патека.

Измени и модификации

Организаторот го задржува правото да ги измени овие правила во секое време од причини што смета дека се соодветни за подобра организација на трката. Секоја промена која што ќе биде направена и е поврзана со некоја од клучните работи на трката, ќе биде соопштена на веб страната и социјалните мрежи на настанот како и на Вашиот мејл кој е оставен при регистрацијата за настанот.

Покровител



Партнери

Aspect image
Aspect image

Пријатели

Aspect image
Aspect image
Aspect image