Blog

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
nokna-agol.jpg

April 28, 2018

Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

OhridNews


Logo-Profilna.png

January 12, 2023
Денес и официјално го прифативме предизвикот, да градиме спортски фестивал каков што немаТ НИКАДЕ!!!. Спортски фестивал поврзан со нашиот заштитен знак, нашиот идентитет, нашата иднина, Охридското езеро.
Предизвиците ќе се големи но убеден сум нашата визија, тимска работа, лидерство, љубовта кон водените спортови, Охрид и охридското ќе се толку силни што имаТ се да прескокнеме.
Големи и моќни ќе се пораките од Ohrid Water Festival, тие ќе допрат многу длабоко во свеста, пред се на нас охриѓаните. Но таа е и целта, да делуваме, да менуваме и сето тоа во насока на нашата подобра иднина.
Тимот (здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, сите охридски клубови за спортови на вода, Хидробиолошки завод, SLOW FOOD Ohrid, Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори) предводени од Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид денес официјално го промовираа логото на фестивалот како симболичен старт на организацијата на Ohrid Water Festival.
пс. Дизајнот на логото е на Darko Taleski во кое главна улога имаТ ендемска охридска алга!
Нека ни е со среќа!
Прочитајте повеќе на: https://ohrid.gov.mk/

320366255_679651880281444_7179864280856404858_n-1280x853.jpg

December 24, 2022
Сеуште ја немате искористено раната пријава за регистрација на 21К.
Часовникот отчукуваТ, 31. 12. 2022, 23:59.
Од 1 јануари цената за 21К одиТ нагоре.

 

You still haven’t used the early registration for 21K.
The clock is ticking, 31. 12. 2022, 23:59.
From January 1, the price for 21K will go up.


320574327_521309113288298_8935216621608158097_n.jpg

December 24, 2022
What does the Peshtani Vertical Extreme logo represent?
It consists of three symbols: Ohrid lake, the Peshtani boat, and the mountain Galicia.
The color green is associated with nature, but it also represents balance, well-being, and calmness.

 

Што претставува логото на Peshtani extreme vertical?
Составено е од три симболи: Охридско езеро, Пештански чун и планина Галичица.
Зелена боја асоцира на поврзување со природата, истовремено значењето на зелената боја е баланс, урамнотеженост, здравје и смиреност.

319360835_830394124973220_7319448138580488426_n-1280x989.jpg

December 15, 2022
И официјално второто издание на Охрид трчаТ Акватлон е отворено за регистрација.
Впечатоците, позитивните критики од првото издание и големиот интерес не мотивираа да започнеме со подготовките за второто издание многу порано така што од денес вратите за сите Вас, акватлонци, е отворена.
Регистрирајте се на: https://www.ohridtrcat.mk/aquathlon-mk/
Officially, the second edition of Охрид трчаТ Акватлон is open for registration.
The impressions and positive reviews from the first edition motivated us to start preparations for the second edition much earlier, so from today, the door is open for all of you, aquathlon people.

 


318553414_126057736973280_3563015005366917699_n.jpg

December 12, 2022

Подготвени за отварање на пријавите за второто издание на Охрид трчаТ Акватлон!
Видовме дека знаеме и можеме, сега одиме чекор напред, етаблирање на Охрид како град на Акватлонот.

Ready for opening the registration for the second edition of Охрид трчаТ Акватлон!
We saw that we know and that we can, now we are taking a step forward, establishing Ohrid as the city of the Aquathlon.


318333189_2176427599207074_8599896707110668815_n.jpg

December 12, 2022
Си истрчавме уживавме но и доделивме 4 ваучери за учество на 21к, 2 за штафетен полумаратон и викенд за 4 лица за време на Охрид трчаТ викендот 2023 на лотаријата од Bokeški Polumaraton.
Честитки на среќните добитници!
Ја завршуваме оваа тркачка сезона со трка која се трчаТ од Тиват до Котор покрај еден од најубавите заливи на Јадранот-Бока Которска.
Честитки за организаторите и благодарност што го ,,одложија” дождот и ни овозможија одлична трка и журка.

 

We ran, we enjoyed, and we awarded 4 vouchers for participation in 21k, 2 vouchers for a half marathon relay, and a weekend for 4 people during the #Ohridrunningweekend2023 at the Bokeški Polumaraton lottery.
Congratulations to the lucky winners!
We end this running season with a race that runs from Tivat to Kotor along one of the most beautiful bays on the Adriatic – Boka Kotorska.
Congratulations to the organizers and thanks for delaying” the rain and giving us a great condition for running and of course for a party.

 


317701059_2170504473132720_6276784511113756800_n-1280x487.jpg

December 5, 2022
Кој веруваше дека ќе дојдиме до момент Пештани да го растрчаме!
Особено ни е мило како клуб што започнуваме една нова планинска тркачка приказна Peshtani extreme vertical, која ќе вклучи и детска планинска трка, и која е мотивирана пред се од поширокото локално население на Галичица.
Подготовките се веќе започнати како што гледате така што во наредниот период ќе бидете известени за се, Вие само пратете не на нашата фејсбук страна Peshtani extreme vertical.

Our new running event is time for mountain Galicica to RUN.
We are especially glad as a club for starting a new mountain running story Peshtani extreme vertical, which will include a children’s mountain race, and which is motivated above all by the wider local population of Galichica.
Preparations have already started as you can see so in the coming period you will be informed about everything, you just need to follow us on our Facebook page Peshtani extreme vertical. 😉😉😉




317909235_208644578339450_3263187859522197210_n-1280x1119.jpg

December 4, 2022
Повелете почитувани тркачи, рекреативци, компании, институции уште една причина зошто требиТ да сте дел од Охрид трчаТ 2023 / Ohrid Running Weekend 2023 и од идните изданија.
За нас ова е најголемата и затоа кога ќе се пријавувате на една од нашите трки, www.ohridtrcat.mk , знајте дека Вашата пријава не значиТ само поддршка за Вас (стартен пакет) и нас (настан) туку значиТ и нешто многу, многу поголемо, кое ние го ствараме и градиме како организатори и клуб.