2018 April

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
nokna-agol.jpg

April 28, 2018

Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

OhridNews


pl1t7z6w-1280x723.jpg

April 27, 2018

Четвртото издание на Атлетскиот полумаратон во еден од најпривлечните туристисчки градови во светот, Дубровник беше зачинет со охридски шмек. Деветчлената експедиција од Охрид брендирана во „Охрид трчаТ“, учествуваше на полумаратонот и на трката на 5 километри која имаше хуманитарен карактер.

„Охрид трчаТ“, во саботата, пред одржувањето на Атлетскиот полумаратон и на трката на 5 километри имаше успешна промоција на саемот за трки и организации (експо) во Дубровник. Не експото директорот на трката, Иван Цветкоски размени искуства со првиот човек од Атлетскиот викенд во Мостар, Фрањо Ловриќ и активно учествуваше на презентацијата од Меј Ел Калиф, организираторка на маратонот во Бејрут.

Организаторите на „Охрид трчаТ“ немаат време за одмор, бидејќи викендов кој доаѓа ќе се одржи Атлетскиот маратон во Скопје и таму ќе биде промовиран настанот број еден во Охрид, а за случувањата во Дубровник ќе има и видео материјал.

Фото-галерија:


Екипата на „Охрид трчаТ“ во Дубровник !

Михаил Постоловски


detskokatce-1280x782.jpg

April 26, 2018

Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ ќе го збогати настанот со детско катче. Имено, Охрид ТрчаТ ќе им излезе во пресрет на сите родители кои сакаат, а немаат можност да учествуваат на трката поради обврските со дечињата организирајќи детско катче во траење од два часа.

– Доколку сакате да земете учество на манифестацијата Охрид трчаТ, но немате обезбедено услови за згрижување на Вашите деца, нашата организација Ви нуди одлична можност. Во соработка со тимот од „Час за детски приказни на англиски јазик“, програма во рамките на Црвен крст Охрид, ќе обезбедиме организирана грижа за децата на возраст од 3-8 години, чии родители пријавиле или ќе пријават учество на настанот. Децата ќе бидат анимирани преку најразлични креативни и забавни активности во текот на два часа додека трае настанот, 9:30-11:30, на 03.06.2018 година. 

За да ја искористите ова можност треба само да се јавите на следнитe телефонски брoеви 046 262 706 или 070 315 309 и да го пријавите Вашето дете/деца најдоцна до 31.05.2018 година.

Родители добредојдовте на Охрид трчаТ спортска манифестација која сакаТ и знајТ како да се грижиТ за нашите поддржувачи и учесници. – стои во соопштението од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

Сите заинтересирани учесници пријавувањето на Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ можат да го извршат на официјалната интернет страница „ohridtrcat.mk“, а деталните информации можете да добиете на мејлот ohridtrcat@gmail.com.

OhridNews