2019 May

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
Desktop-1280x853.jpg

May 31, 2019

Со нов концепт и рекорден број на учесници по трет пат низ улиците во нашиот град ќе се одржи спортската манифестација Охрид трчаТ. Вкупно 1 585 учесници од 20 земји на трките на 5 и 10 километри и тим билдинг трките ќе се појават на стартот на 2 јуни кој ќе биде круна на богатиот спортски викенд кој не очекува. „Ohrid running weekend“, почнува денеска со Ноќната трка, а продолжува в сабота на 1 јуни со експото и панел дискусијата.

  • Третото издание на Охрид трчаТ е со нов концепт и поразличен од првите две изданија. Ова трето издание ќе се одвива целиот викенд. Започнуваме денеска со Ноќната трка која ќе се стартува кај фитнес зоната пред угостителскиот објект Амброзија, а ќе заврши пред Домот на културата Григор Прличев со настап на охридските изведувачи. В сабота на програмата е експото односно подигнувањето на пакетите кога учесниците ќе бидат запознаени со трката и правилата, а во текот на денот ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат директорите на трките од Дубровник, Мостар, Скопје и Бања Лука и специјалистот за спортски маркетинг од Белград Верољуб Змијанац. В недела е главниот настан. Почетокот на трката на 10 километри е во 9 часот, а трката на 5 километри ќе стартува 10 минути подоцна. После завршување на трките на 5 и 10 километри ќе има забава која ќе започне во 11 часот. Кога ќе се сумира се можеме да кажеме дека не очекува возбудлив и богат спортски викенд. – рече претседателот на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ, Јоне Станкоски кој е организиратор на манифестацијата.

Тој и се заблагодари на Општина Охрид која во континуитет три години го поддржува и е еден од главните покровители на Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Исто така им се заблагодари на Јавните претпријатија и државните инстуции и сограѓаните кои несебично го поддржуват настанот број еден во Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ќе ја предводи тим билдинг екипата од Општина Охрид. Тој го доби стартниот број со реден број седум и го пофали настанот кој сите со нетрпение го очекуваат.

Особено ме радува фактот што спортската манифестација „Охрид Трчат” за краток период прерасна во своевиден спортски бренд и го постави Охрид на мапата на врвни спортски настани, не само во нашата земја, туку и пошироко. Заложбите на организаторите и креативниот тим, кои стојат зад идејата и концептот на целокупната маратонска програма, ги препозна и несебично ги поддржа Општина Охрид како и бројни компании и фирми. Бројката од над 1500 пријавени учесници, кои викендов ќе трчаат на отворено по дефинираните тркачки траси низ Охрид, даваат јасен сигнал дека целта е постигната и дека третото издание на „Охрид Трчат” ќе биде еден вистински спортски спектакл. Убеден сум дека овогодинешното издание на охридскиот атлетскиот викенд ќе донесе исклучително спортско уживање за сите учесници и дека ќе биде вистинско спортско доживување за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката. Пораката за поголема афирмација и промоција на трчањето и здравите спортски навики, кои се главна цел на „Охрид Трчат” и оваа година ќе биде испратена. Се надевам дека оваа спортска манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, по која Охрид ќе биде препознатлив на полето на спортот и дека истата ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам. – потенцираше Георгиески.

Директорот на трката, Иван Цветкоски истакна дека чест е но и одговорност е да се организира настан каков што е Охрид трчаТ. Годинава како и во претходните Охрид трчаТ расте, со предизвикот го прави уште поголем.
Чест но и голема одговорност ни преставува да го организираме Охрид трчаТ така како што сакаме и така како што имаме визија од самиот почеток. Наш предизвик беше да го вклучиме градот помеѓу познатите улични трки и можам да кажам дека сме на правиот пат. Нашиот проект е спортско-туристички од кој бенефит ќе има целиот град. Од обичниот граѓанин кој ќе се чуствува пријатно и исполнето до угостителските објекти и институциите. – рече Цветкоски.

Цветкоски дополни дека годинава не е срушен само рекордот за пријавени учесници, туки и за пријавени волонтери кои ќе бидат распределени на стартот и финишот и околу целата патека. Зголемен е бројот на медицински екипи, луѓе во организацијата и секако надлежните кои се задолжени за безбедноста и здравјето на учесниците.

Околу техничкиот дел на патеката зборуваше преставникот од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, Антонио Додевски кој побара разбирање од жителите во целиот град при запирањето на сообраќајот во пресрет на главниот настан.

Од самиот почеток на реализирање на оваа идеја основа ни беше да воведеме нови стандарди во организирање на вакви настани особено во техничкиот дел и безбедноста на учесниците. Вложуваме многу напори да направиме фантастичен настан, а за тоа ни е потребна помош од граѓаните на Охрид без кои едноставно не можеме. Изминатиов период апелираме на секаков начин да се тргнат автомобилите каде што поминува патеката и да се почитуваат молбите да не се движат со автомобили в недела со што многу ќе ни помогнат во организацијата. Убедени сме дека ќе успееме сите заедно нивото да го подигнеме уште едно скалило и за Охрид трчаТ да се зборува и прераскажува. – потенцираше Додевски.
В недела главниот настан ќе биде пренесуван во живо и ќе има отворено студио од кое ќе бидат дел минатогодишните победници, учесници на трката и преставници од организацијата.


NightRun.jpg

May 30, 2019

Ноќната трка која ќе се одржи во петок со почеток во 21 часот ќе означи почеток на третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ, која богата програма има на 1 и 2 јуни.

Стартот на Ноќната трка е во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев. Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.

Сите заинтересирани мора да дојдат половина час пред почетокот на трката и задолжително да понесат со себе позитивна енергија. После завршување на трката учесниците ќе уживаат во ладното пиво и „паста забава“ спонзорирана од Хотел Нова Ривиера и Бонанца која ќе биде зачинета со концерт во живо популарната група Броз, ди-џеј Ванчо Јованоски и Никола Тони Перкашн.

В сабота на 1 јуни пред Домот на култура Григор Прличев ќе се одвива експото и панел дискусијата на која ќе учествуваат директорите од полумаратоните во Дубровник, Мостар и Бања Лука. Главниот настан на кој ќе учествуваат рекорден број на натпреварувачи 1 585 ќе се одржи на 2 јуни.


RecordsRunners.jpg

May 30, 2019

Третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ ќе има рекорден број на учесници. Точно 1 585 натпреварувачи се пријавени на 5 и 10 километарските трки како и тим билдинг трките во двете делници.

Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде в сабота на 1 јуни од 9 до 20 часот на градскиот плоштад.


NightRun.jpg

May 28, 2019

Викендов кој доаѓа е резервиран за Атлетската манифестација Охрид трчаТ, која годинава со нов концепт и поголема понуда по трет пат ќе се одржи низ улиците на градот Охрид. Организаторите подготвуваат спектакл кој ги помести границите во спортот, а пријавените учесници со нетрпение го очекуваат викендот за кој долго ќе се зборува.

На 31 мај во петок на Ноќната трка за забавата ќе бидат задолжени Ди-џеј Ванчо Јованоски, популарната група Броз и Никола Тони Перкашн. Учеството на Ноќна трка е бесплатно, а се што треба да понесете со себе е позитивна енергија. Стартот на Ноќната трка е во 21 часот во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев.

За време на експото кога учесниците ги подигнуваат стартните пакети загреваат за главниот настан за добра забава и позитивна енергија се задолжени Ди-џеј Јана Слеј и Ди-џеј Дарк_М. Во склоп на експото партнерите на Охрид трчаТ ќе имаат можност да ги рекламираат своите производи, а со добра музика атмосферата ќе биде уште подобра.

Во недела на 2 јуни на музичкиот подиум ќе биде Ди-џеј Реџи Рулс, а за забавата после главниот настан ќе се погрижи групата Балтер. Учесниците ќе го разиграат Охрид со трчање, а после ќе го направат среќен град со забавата на која се поканети сите.

Атлетскиот викенд Охрид трчаТ годинава ќе го надмине очекуваниот број на пријавени учесници и ќе ја продолжи тендицијата на растење на настанот кој полека прераснува заштитен знак на градот во нашата земја и надвор од неа.


TedoraS.jpg

May 28, 2019

Двократната шампионка во Србија на 3 000 и 5 000 метри и сопственичката на најдобрите резултати на маратон и полумаратон, Теодора Симовиќ ќе биде дел од третото издание на Охрид трчаТ кое ќе се одржи на 2 јуни низ улиците на нашиот град. Српската атлетичарка ќе ја збогати конкуренција на 10 километри и ќе се натпреварува со најдобрите од нашата земја и регионов.

Мојата приказна во атлетиката започнува со Македонија. Како дете бев дел од Атлетскиот митинг „Борис Трајковски“ во Скопје и тогаш ми се всади љубовта кон атлетиката. Оваа година бев дел и Скопскиот маратон и завршив на 4-та позиција. За Охрид трчаТ слушав само убави работи од моите пријатели Билјана и Александар Кираџиеви и ми беше предзвик да се пријавам и учествувам на 10 километри. – изјави Симовиќ.

На охриѓани, гостите и симпатизерите на кралицата на спортовите, Симовиќ им гарантира дека ќе даде максимум и нема да разочара ако се биде во ред во текот на трката.
Поради себе и поради публиката секогаш давам максимум и се трудам да го остварам најдобриот резултат. Така ќе биде во Охрид. Ако се биде како што треба ќе одам на добар резултат и пласман на подиумот, но најбитно е сите да уживаме во прекрасната манифестација која се најавува. – истакна Симовиќ.

Минатата година на пет километри победи гостинот од Србија, Милан Митровиќ, а дали ќе биде Симовиќ најбрза на 10 километри и ќе ја симне од тронот Адријана Поп Арсова останува да видиме на 2 јуни.


Final.jpg

May 28, 2019

Уште само пет денови останаа до почетокот на третото издание на Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Пријавувањето за учество заврши на 26 мај во неделата, а организаторите ги прават последните подготовки за незаборавен спортски викенд во Охрид.

Петтиот ден во одбројувањето до стартот на Охрид трчаТ ќе го искористиме за презентација и потсетување на резултатите од претходните две години на рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката. Стартот и целта на петкилометарската трка е на исто место, а се трча низ стариот дел на градот и најфрекветните улици низ градот, што дава доза на голема адрелин во текот на трката.

Во првото издание на Охрид трчаТ во 2017 година на 5 километарската трка во машка конкуренција победи Пепи Анакиев, додека во женска конкуренција најбрза беше Елена Стојческа. Минатата година на второто издание кај машките најбрз беше Милан Митровиќ, а помеѓу женските победи Марго Бојаџиева. Во 2017 година во Тим билдинг трката триумфираше Фит Форм, а во 2018 година победи екипата на Делта.

Петкилометарската трка оваа година почнува во 9 часот и 30 минути, а почеток на третото издание на Охрид трчаТ ќе означи трката на 10 километри која ќе стартува во 9 часот.

Во склоп на Охрид трчаТ успешно се организираа Детската и Училишната трка а допрва следуваат Ноќната трка која е во петок, експото и панел дискусијата в сабота и главниот настан кој ќе се одржи в недела на 2 јуни.


KidsDay.jpg

May 24, 2019

Детската трка која се организира во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ повторно ги освои симпатиите и разнежни срцата на присутните, а глетката беше рај за очи. Детската и Улишната трка кои го најавија третото издание на Охрид трчаТ беа поддржани од Делегација на Европската унија во Македонија, фондацијата Климент Колески, Агенцијата за млади и спорт, Општина Охрид, компанијата Вива и Витаминка. Уживајте!

За потсетување, пријавувањето за учество на Охрид трчаТ трае до 26 мај (недела) на полноќ. Долгоочекуваниот викенд ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни.


10Days.jpg

May 23, 2019

Точно десет дена преостануваат до долго очекуваниот атлетски настан во Охрид популарен како „Охрид трчаТ“. Подготовките се во финална завршница, а пријавувањето за учество трае до в недела 26 мај.

Десеттиот ден од одбројувањето до почетокот на третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе го искористиме за преставување на сите активности. За почеток, ќе стартуваме со десеткилометарската трка на која учествуваат најдобрите атлетичари од Македонија и од регионот.

Стартот и целта на патеката се на исто место, а се трчаат два кругови за да се исполни делницата од 10 километри. Со оглед дека низ стариот дел од градот се трча два пати, учесниците можат во два наврати да уживаат во убавините на Охрид и охридското езеро кога се спуштаат по кејот.

На првото издание на Охрид трчаТ во 2017 година на 10 километарската трка во машка конкуренција победи Дарио Иваноски со време 34 минути и 9 секунди, додека во женска конкуренција најбрза беше Андријана Поп Арсова со време 43 минути и 42 секунди.

Во 2018 година, Андријана Поп Арсова го одбрани тронот во женска конкуренција победувајќи со време 41 минута и 12 секунди и за повеќе од две минути го подобри времето од првата година, а во машка конкуренција славеше Стенли Кипруто од Кенија со време 32 минути и 48 секунди.

Оваа година, десеткилометарската трка и тим билдинг трката на десет километри ќе започне во 9 часот и одделена од рекреативната трка на 5 километри. Медал финишер добива секој натпреварувач кој ќе ја заврши трката на 10 километри, а вкупниот награден фонд изнесува 4 000 евра.


Tacco.jpg

May 21, 2019

Охриѓанецот Трајан Целески-Тачо не може без трчањето и спортот. Тој и во 2016 година кога му беше дијагностициран тумор на мозокот не се откажа, туку со позитивна мисла и голема поддршка ја победи болеста и се врати на спортските терени кои за него живот значат.

На 2 јуни Тачо ќе учествува на трката на 5 километри на Охрид трчаТ. За големата битка, спортот и животот, Тачо зборува во емотивното видео кое може да го погледнете во продолжение.


KidsDay.jpg

May 18, 2019

Со широки насмевки и позитивна енергија, многу забава и трчање помина Детската трка, која денеска се одржа во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Детската и училишната трка која се одржа на 15 мај се поддржани од Делегација на Европската унија во Македонија, фондацијата Климент Колески, Агенцијата за млади и спорт, Општина Охрид, компанијата Вива и Витаминка а се најава за настанот „Ohrid running weekend“, кој ќе случи во Охрид на 31 мај, 1 и 2 јуни.

За првопласираните во машка и женска конкуреција имаше медали и благодарници, а сите учесници добија медал-финишер и производи од спонзорите на Детската трка.