2020 January

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
Ohrid-trcat-vo-Ljubljana-1.jpg

January 24, 2020

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од најпрепознатливите европски маратони во Љубљана, на извонреден начин претставувајќи ја македонската атлетика и сопствениот бренд кој веќе сериозно се промовира и во регионални рамки.

Експедицијата на „Охрид трчаТ“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од „Охрид трчаТ“ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадорката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлабочување на соработката.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.