Blog

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
Mostar-1280x605.jpg

March 22, 2019

Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе биде дел од Атлетскиот полумаратон кој викендов ќе се одржи низ улиците на еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, Мостар.

– Проектот, Охрид трчаТ сакаме во најдобр светло да го презентираме пред јавноста. Во Мостар одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот настан и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на Охрид трчаТ.

За успешното второ издание на Охрид трчаТ се пишуваше низ македонските национални медиуми и престижните атлетски интернет страни од регионов. Настанот број еден во Охрид минатата година собра 1 100 вљубеници во трчањето, а годинава се очекува бројката да порасне.


4.jpg

February 22, 2019

Уште точно 100 дена преостануваат до најголемиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.

Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, а се состоии од Атлетската манифестација Охрид трчаТ, подигнувањето на стартните пакети и ноќната трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.

Најава на „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15 мај долж покрај Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18 мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.

Организаторите имаат новитетии и изненадувања за учесниците на кои останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.
Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна Ohridtrcat.mk.
Одбројувањето започна и се гледаме во Охрид !


GradonacalnikIntervju-1280x818.jpg

February 14, 2019

Традиционално, пред почетокот на финалните подготовки за третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, OhridNews разговараше со првиот човек на градот, Константин Георгиевски. Во разговорот со в.д. градоначалникот, зборуваме за Охрид трчаТ, поддршката од Општината, значењето на ваквите спортски настани за градот и жителите и за будењето на волјата за спорт кај најмладите.

ON: Охрид трчаТ последните години ја раздвижи не само спортската јавност туку и целото граѓанство во Охрид и пошироко. Што мислите за Охрид трчаТ?
Константин Георгиевски: Охрид трчаТ е една одлична манифестација која беше насушна потреба за нашиот град. Јас имам огромен респект кон организаторите кои што можат да се пофалат со уште неколку настани, а не само Охрид трчаТ. Искрено сакам што повеќе настани и случувања да има во Охрид. Дефинитивно можам да кажам дека Охрид трчаТ од ентузијастичка идеја стигна да биде бренд со кој сите се гордееме и нетрпеливо чекаме да дојде настанот.

ON: Спортот и спортскиот начин на живот е основа за добро здравје и среќен живот на човекот. Колку е важно спортувањето и колку ние како возрасни ги мотивираме децата да спортуваат и да водат здрав живот?
Константин Георгиески: Спортот посебно за нас повозрасните генерации или кои одиме кон таму, беше многу битен сегмент во нашиот развој како млади индивидуи и студенти и сега треба да направиме нешто што ќе остане за нашите поколенија. Помладите генерации повеќе се насочени кон визуелни игри пред компјутер, таблет и мобилните телофони и целосно го игнорираат играњето пред зграда, стадионот или на спортски терен, што за нас беше причина за среќно и безгрижно детство. Спортот е сегмент кој го јакне духот кај човекот и ја чисти мислата и апелирам до сите родители да ја всадат волјата за спорт кај дечињата, а јас како вршител на должност градоначалник и Општината Охрид имаме задача да помагаме и да ги мотивираме сите чинители во спортот.

ON: Охрид трчаТ оваа година најавува незаборавен и недоживеан викенд за сите учесници посебно за охриѓани. Што значатТ ваквите настани за Охрид, за нас како заедница?

Константин Георгиевски: Настаните како Охрид трчаТ, Охрид треил и Европскиот куп во триатлон значат многу за град како Охрид. Градот се промовира, доаѓаат учесници од цела Македонија и странство, а жителите го чувствуваат пулсот кој може да го понуди само спортот. Учесниците на спортските настани ќе уживаат во градот, ќе се запознаат со нашата култура и ќе ги разгледаат сите знаменитости кои ги нуди Охрид.

ON: Охрид трчаТ, не е единствен спортски настан кој го организира Асоцијацијата со нејзините партнери. Пред десет дена на средбата со медиумите го најавивте Охрид треил, а минатата година во Охрид успешно се одржа Европскиот и Балканскиот куп во Триатлон. Што би им препорачале на сите кои организираат настани, без разлика дали се поврзани со спортот, културата или музиката

Констатин Георгиевски: На сите кои што организираат настани поврзани со спортот и културата би им препорачал да се огледаат на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. Тие се одлични перфекционисти во својата работа, многу добро се организирани и имаат фокус во идеите и целите кои сакаат да ги постигнат. Импровизациите во нивната организација се на најниско можно ниво и сите треба да го следат нивниот пример, како се сака градот во кој се живее и твори.

Пријавувањето за учество на спортскиот настан број еден во Охрид е во тек и тоа може да се направи на интернет страницата: ohridtrcat.mk. Организаторите подготвуваат неколку новитите и изненадувања кои Охрид трчаТ ќе го направат вистински спортски настан за уживање.


post2019.jpg

December 29, 2018

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ на маестрален начин со договор за нова соработка ја заокружи 2018 година. Спортскиот настан кој стана заштитен бренд на градот Охрид пушти рака за партнерство со „Run Bulgaria“ и ќе биде промовиран на атлетските манифестации организирани од заедницата.

Преставници од „Run Bulgaria“ присуствува на второто издание на „Охрид трчаТ“ и имаа можност одблиску да се уверат во одлична организација и професионализмот. „Run Bulgaria“ со 50 учесници ќе биде дел од третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Една од нашите цели уште од самиот почеток е во ова насока Охрид трчаТ да постане бренд кој ќе привлекува се повеќе и повеќе спортски гости во Охрид на задоволство на сите нас. Соработката со Ран Бугарија ја договаравме уште од нашето учество на Софија маратон и ни претставува големо задоволство што Охрид и Охрид трчаТ ќе се дел од нивните трки за 2019 година. Ние веруваме дека ова е само почеток кон уште поамбициозно привлекување на големата интернационална тркачка заедница да учествува на Охрид трчаТ. Придобивките се големи но и обврските исто така затоа ние како организатори максимално сме ангажирани во текот на целата година да го развиваме и афирмираме брендот Охрид трчаТ. За брзо ќе објавиме уште една соработка, се подготвуваме за наше учество на неколку маратони и полумаратони од Балканот во 2019 година, сме во преговори со неколку директори на трки да бидат наши гости за време на Охрид трчаТ викендот така што максимално сме посветени на меѓнародната соработка и афирмација на Охрид трчаТ и веруваме дека сето тоа ќе вроди со плод и во наредните години Охрид и Охрид трчаТ ќе се домаќини на повеќе од илјада тркачи од Европа и светот. – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Во инфомацијата во специфицираниот сајт за атлетика во Бугарија стои дека „Охрид трчаТ“ нуди многу возбудувања и активности за сите возрасти.

Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ започна на 24 декември и исклучиво може да се направи на официјалната интернет страна Ohridtrcat.mk


post2019.jpg

December 24, 2018

Од денеска, официјално започнува пријавувањето за учество на третото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ која ќе се одржи на 2 јуни следната година. Вљубениците во трчањето, луѓето со позитивен дух и енергија, сите спортисти и рекреативци своето учество можат да го пријават исклучиво онлајн на интернет страната Ohridtrcat.mk.

Заинтересираните за учество на Атлетскиот викенд, „Охрид трчаТ“ ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 и 10 километри. Стартниот пакет за трката на 5 километри и тим билдинг трката на 5 километри до 31 јануари изнесува 400 денари, до 31 март чини 500 денари, а до 26 мај кога е последен ден за пријавување е 600 денари. Стартниот пакет на трката на 10 километри и тим билдинг трката на која учествуваат најдобрите атлетичари од нашата земја и многу атлетичари ширум светот ќе чини 700, 800 односно 900 денари според датумите од трката на пет километри. За најдобрите во трката на 10 километри има и парични средства и награди од спонзорите кои се објавени на официјална страна.
Третото издание на „Охрид трчаТ“ ќе претрпе одредени измени во настаните кои се во склоп на настанот. Трките на различностите и средните училишта ќе останат и Детската трка исто така, луѓето позади сцената на „Охрид трчаТ“ ќе имаат свој ден, а мала промена ќе има во Ноќната трка, која ќе се одржи во петок на 31 мај два дена пред главниот настан на 2 јуни. На 1 јуни (сабота) сите пријавени на определено место ќе си ги подигнат стартните пакети и ќе одбројуваат до почетокот на најголемата спортска манифестација во Охрид.

Пријавете се и трчајте, забавувајте се и уживајте во Охрид е паралота на организаторите кои ги повикуваат сите гости активно да учествуваат на настаните во склоп на Атлетската манифестација. После завршување на трките на 5 и 10 километри ќе има голем концерт на градскиот плоштад.


GO2.jpg

November 2, 2018

Преставници од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која е организиратор на Атлетската манифестација Охрид трчаТ имаа работна посета во Скопје, со поддржувачите на најголемиот спортски настан, кој годинава се одржа во Охрид.

/>

Охрид трчаТ со посебни признанија им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт, Тотал ТВ, Атлетската федерација на Македонија и спортскиот медиум „Екипа.мк“ за поддршката и соработката. Асоцијацијата на работната средба им го престави завршниот извештај од второто издание од Охрид трчаТ во печатена форма и плановите за следното трето кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Второто издание на Охрид трчаТ ги импресионираше сите, вкупно имаше 1 100 учесници и викендот беше вистински спортски празник во Охрид.


1.jpg

November 2, 2018

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ на коктел средба што се оджа вечерва во големата сала во Општина Охрид, им се заблагодари на спонзорите, поддржувачите, институциите, јавните служби и медиумите кои ја помогнаа одличната организација на атлетската манифестација „Охрид Трчат“, која по втор пат оваа година се одржа во првиот викенд од месец јуни. Меѓу добиниците на признанија е и OhridNews кој медиумски го поддржа настанот на кој учество зедоа над 1 000 натпреварувачи.

На свеченоста беше промовирана специјална брошура за Охрид трчаТ и видео записи од целокупниот настан на кој имаше детска, училишна и ноќна и главна трка и впечатоците од учесниците кои ги реализираше „Мега продукција“. Прикажан беше и видео записот од Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кој се одржа на средината од септември во Охрид во организација на Асоцијацијата и Триатлон федерацијата на Македонија.
Организаторите најавија неколку новитети за третото издание, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество.

“>


ZAGREB1.jpg

October 18, 2018

Спортскиот настан број еден во нашиот град Охрид трчаТ изминатиов викенд имаше успешна промоција на полумаратонот кој по 27-ми пат се одржа во хрватскиот град Загреб.

/>

Промотор на Охрид трчаТ беше Стефан Лукановски кој беше дел од илјаниците учесници кои ги разубавија улиците на Загреб.

/>

Охрид трчаТ промоција во балкански размери имаше и на ултра маратонот во Софија, Бугарија на кој учествуваа осум охриѓани. Претходно, најголемиот и најмасовниот настан во Охрид се промовираше во Дубровник и на скопскиот маратон.
Активностите во 2018 година организаторите на Охрид трчаТ ќе ги финализираат со гала вечерта на која ќе им се заблагодараат на сите спонзори, соработници и волонтерите.


bg4.jpg

October 15, 2018

Најголемата и најмасовната спортската манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина, Софија.

/>

Осумчлена охридска експедиција на експото на маратонот во Софија го промовираше спортскиот настан и градот кој оваа година домаќин беше на 1 100 учесници.
Охрид трчаТ промоција во балкански размери имаше и на ултра маратонот во Софија, Бугарија на кој учествуваа осум охриѓани. Претходно, најголемиот и најмасовниот настан во Охрид се промовираше во Дубровник и на скопскиот маратон.
Активностите во 2018 година организаторите на Охрид трчаТ ќе ги финализираат со гала вечерта на која ќе им се заблагодараат на сите спонзори, соработници и волонтерите.

/>

/>

Охрид трчаТ го промовираше плакатот, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество на третото издание на Атлетскиот викенд во Охрид


Sofija-Maraton.jpg

October 12, 2018

Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град Охрид трчаТ продолжува да се промовира надвор од границите на Македонија. Осумчлена експедиција ќе биде дел од Атлетскиот маратон во Софија, Бугарија кој ќе се одржи на 14 октомври.
На експото на маратонот во Софија преставници од Охрид трчаТ официјално ќе ја започнат кампањата за промоција на настанот кој следната година по трет пат ќе се одржи низ охридските улици, a активно ќе учествуваат на трката.

“” />