Доделени признанија за помагателите на најдобрата спортска манифестација во Охрид!

November 2, 2018

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ на коктел средба што се оджа вечерва во големата сала во Општина Охрид, им се заблагодари на спонзорите, поддржувачите, институциите, јавните служби и медиумите кои ја помогнаа одличната организација на атлетската манифестација „Охрид Трчат“, која по втор пат оваа година се одржа во првиот викенд од месец јуни. Меѓу добиниците на признанија е и OhridNews кој медиумски го поддржа настанот на кој учество зедоа над 1 000 натпреварувачи.

На свеченоста беше промовирана специјална брошура за Охрид трчаТ и видео записи од целокупниот настан на кој имаше детска, училишна и ноќна и главна трка и впечатоците од учесниците кои ги реализираше „Мега продукција“. Прикажан беше и видео записот од Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кој се одржа на средината од септември во Охрид во организација на Асоцијацијата и Триатлон федерацијата на Македонија.
Организаторите најавија неколку новитети за третото издание, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество.

“>