Охрид трчаТ: Професионалност, оригиналност, дожд и насмевки и полумаратон! (видео)

October 21, 2019

Атлетската манифестација Охрид трчаТ одново ги помести границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот. Во видеото, организаторите и официјално го најавија полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7 јуни следната година. Гледајте и уживајте во прекрасното видео на следниов линк, тука!