Фото галерија: Ново издание, нова магија на „Охрид трчаТ“

September 1, 2020

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ феноменално одговори на предизвкот и на најдобар можен начин ја организираше првата улична трка во Македонија во време на пандемија на коронавирусот. Четвртото издание на Охрид трчаТ во архивите ќе остане како прво на кое се организирал полумаратон на 21 километар и на кој учествувале најдобрите маратонци од Македонија.

Магија и посебен шмек на Охрид трчаТ му даваат учесниците на рекреативната трка на 5 километри и разно разните пораки од тркачите. И годинава се трчаше за поддршка на лицата со ретки болести, имаше порака за поголема грижа и заштита на бездомните животно, имаше многу фамилијарни тим билдинг екипи кои испратија силна порака како и каде треба да се насочат децата.

Галерија:

f6
f26
f27
f28
f30
f25
f1
f3
f2-3
f4-1
f5-4
f7-rotated-e1598859513973
f8-1-rotated-e1598859500871
f9-rotated-e1598859489797
f10-4-rotated-e1598859477143
f11
f12-1-rotated-e1598859465442
f13-2
f21-2
f22-rotated-e1598859450506
f23
f24

 

На пиедесталот на 21 километарската трка највисоко се искачија Дарио Ивановски и Биљана Кираџиева. На 5 километарска трка кај машките победи Димитар Петровски, а кај дамите охриѓанката Бојана Наумоска.

Фото: А. Момироска

Преземено од www.ohridnews.com.