Упатуваме апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7:30 до 11 часот. Во електронските објави ги имате сите улици кои ќе бидат затворени за наведениот период.
Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и ве повикуваме да ги почитувате насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и патната сигнализацијата.
