Ohrid Water Festival

January 12, 2023
Денес и официјално го прифативме предизвикот, да градиме спортски фестивал каков што немаТ НИКАДЕ!!!. Спортски фестивал поврзан со нашиот заштитен знак, нашиот идентитет, нашата иднина, Охридското езеро.
Предизвиците ќе се големи но убеден сум нашата визија, тимска работа, лидерство, љубовта кон водените спортови, Охрид и охридското ќе се толку силни што имаТ се да прескокнеме.
Големи и моќни ќе се пораките од Ohrid Water Festival, тие ќе допрат многу длабоко во свеста, пред се на нас охриѓаните. Но таа е и целта, да делуваме, да менуваме и сето тоа во насока на нашата подобра иднина.
Тимот (здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, сите охридски клубови за спортови на вода, Хидробиолошки завод, SLOW FOOD Ohrid, Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори) предводени од Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид денес официјално го промовираа логото на фестивалот како симболичен старт на организацијата на Ohrid Water Festival.
пс. Дизајнот на логото е на Darko Taleski во кое главна улога имаТ ендемска охридска алга!
Нека ни е со среќа!
Прочитајте повеќе на: https://ohrid.gov.mk/