Благодариме за поддршката!

May 21, 2023
Заедно организиравме детска трка за првоодделенците од Охрид и Дебрца која најмалите ќе ја помнат многу, многу години. 🥰🥰🥰
Заедно делувавме кон градењето на свеста за здрави навики, чиста животна средина и европски вредности. 😉😉😉
Заедно покажавме дека можеме многу да постигнеме доколку секој еден од нас посвети малку внимание кон најважното, нашата иднина. 💪💪💪
Благодариме на Општините Охрид и Дебрца, деветте училишта, образовниот кадар, родителите, волонтерите од АК Охрид трчаТ, нашите партнери, а најповеќе на нашите првачиња од Охрид и Дебрца за целосната поддршка, доверба и почит кон нашата визија и нашиот тим на АК Охрид трчаТ.
Охрид трчаТ Детска трка 2023 доби партнери кои покажаа голема почит кон најмалите и кон нас. Ние веруваме и сме убедени дека ова е само старт на нашето партнерство во инвестирањето и градењето на нашата иднина, БЛАГОДАРИМЕ! 👍🤝👍🤝