Ohrid trcaT

nokna-agol.jpg

April 28, 2018

Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

OhridNews


pl1t7z6w-1280x723.jpg

April 27, 2018

Четвртото издание на Атлетскиот полумаратон во еден од најпривлечните туристисчки градови во светот, Дубровник беше зачинет со охридски шмек. Деветчлената експедиција од Охрид брендирана во „Охрид трчаТ“, учествуваше на полумаратонот и на трката на 5 километри која имаше хуманитарен карактер.

„Охрид трчаТ“, во саботата, пред одржувањето на Атлетскиот полумаратон и на трката на 5 километри имаше успешна промоција на саемот за трки и организации (експо) во Дубровник. Не експото директорот на трката, Иван Цветкоски размени искуства со првиот човек од Атлетскиот викенд во Мостар, Фрањо Ловриќ и активно учествуваше на презентацијата од Меј Ел Калиф, организираторка на маратонот во Бејрут.

Организаторите на „Охрид трчаТ“ немаат време за одмор, бидејќи викендов кој доаѓа ќе се одржи Атлетскиот маратон во Скопје и таму ќе биде промовиран настанот број еден во Охрид, а за случувањата во Дубровник ќе има и видео материјал.

Фото-галерија:


Екипата на „Охрид трчаТ“ во Дубровник !

Михаил Постоловски


detskokatce-1280x782.jpg

April 26, 2018

Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ ќе го збогати настанот со детско катче. Имено, Охрид ТрчаТ ќе им излезе во пресрет на сите родители кои сакаат, а немаат можност да учествуваат на трката поради обврските со дечињата организирајќи детско катче во траење од два часа.

– Доколку сакате да земете учество на манифестацијата Охрид трчаТ, но немате обезбедено услови за згрижување на Вашите деца, нашата организација Ви нуди одлична можност. Во соработка со тимот од „Час за детски приказни на англиски јазик“, програма во рамките на Црвен крст Охрид, ќе обезбедиме организирана грижа за децата на возраст од 3-8 години, чии родители пријавиле или ќе пријават учество на настанот. Децата ќе бидат анимирани преку најразлични креативни и забавни активности во текот на два часа додека трае настанот, 9:30-11:30, на 03.06.2018 година. 

За да ја искористите ова можност треба само да се јавите на следнитe телефонски брoеви 046 262 706 или 070 315 309 и да го пријавите Вашето дете/деца најдоцна до 31.05.2018 година.

Родители добредојдовте на Охрид трчаТ спортска манифестација која сакаТ и знајТ како да се грижиТ за нашите поддржувачи и учесници. – стои во соопштението од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

Сите заинтересирани учесници пријавувањето на Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ можат да го извршат на официјалната интернет страница „ohridtrcat.mk“, а деталните информации можете да добиете на мејлот ohridtrcat@gmail.com.

OhridNews


vest-on1-1280x855.jpg

January 24, 2018

Голем број гости, меѓу кои и бројни јавни личности, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Ангелоска, деловни партнери и пријатели, присуствуваа на промоцијата на четвртата Годишна ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година, на гала вечерта што синоќа се одржа во „Куба Либре“. Во опуштена атмосфера се коментираа случувањата од изминатата година, а присутните уживаа во прекрасниот поглед на Охрид и вината на Далвина.

 

 

 

 

 

-Медиумите се одраз на состојбите во општеството. Какво општество, такви медиуми. Новинарското перо одамна е истапено, квалитетот на информациите кои се пласираат во морето вести крајно сомнителен и оптоварен со сензационализам, непрофесионализам, необјективност, сервилност и авто цензура. Во една таква состојба OhridNews и натаму се труди да опстои на темелите кои цврсто ги постави пред 11 години – да биде деконтаминирана зона каде ќе се пласираат проверени информации, да остане оригинален и препознатлив и да работи во интерес на објективно информирање на граѓаните. – истакна во обраќањето главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски, на свеченоста со која беше заокружено одбележувањето на единаесет годишнината од почнувањето со работа на првиот информативен портал во Република Македонија.

 

 

 

 

Во годишната ревија на настани хронолошки се поместени најзначјните збиднувања во Охрид во 2017 година, која беше исклучително турболентна.

 

-Во годината што измина објавивме над 10.000 информации, во најголем дел авторски вести на професионалниот новинарски тим на порталот. Во годишната ревија на настани отстапуваме простор за позначајните случувања што ја одбележаа 2017 година. Потсетуваме и им оддаваме признание на успешните приказни, личности и организации кои оставија белег во годината што измина, затоа што сакаме да сме позитивни и со таква енергија да го продолжиме заедно патот кон успехот, секој во својата област, а сите заедно за нашиот Охрид, затоа што овој град тоа го заслужува и има и луѓе и колективи и капацитет да биде подобро место за живеење. Одговорноста за тоа е на сите нас. – додаде Момироски.

 

 

 

 

Хуманитарниот хепенинг „Сите играме за Јане“ е прогласен за хуман настан на година во Охрид за 2017 година во изборот на редакцијата на OhridNews. На свеченоста благодарност им беше искажана на хуманите активисти Гордана Лолеска, Ивана Маховска Шикалеска, Влатко Стојкоски, Наум Јанкулоски и фудбалската школа Топ Тим, општина Охрид и другите помагатели, ракометните ветеранки, РК Лихнид, лајанс клубот Лихнидос, на медиумите и на активистите на Здружението „Живот со предизвици“ за организацијата и помошта во реализацијата на настанот за подршка на малиот Јане Велковски кому му е дијагностицирана спинална мускулна атрофија и за поддршката на лицата со ретки болести.

 

 

-Благодарам на сите што го поддржаа овој настан кој вроди со плод. Вчерашната вест за ставањето на лекот на „Спинраза“ во регистарот на лекови за ретки болести во Република Македонија одекна насекаде и не направи премногу среќни и горди. Ние бевме само едно мало делче што му помогна на семејството на Јане како и на другите деца со ретки болести, посебно на тие со спинална мускулна атрофија наскоро да го добијат лекот. – истакна Гордана Лолеска, активист на здружението „Живот со предизвици“.

 

 

Свое обраќање до присутните со видео порака имаше и малиот, но голем борец Јане Велковски, кој искажа благодарност до охриѓани за поддршката на лицата со ретки болести.

 

 

За спортски настан во Охрид за 2017 година во изборот на OhridNews беше прогласена манифестацијата „ОХРИД ТРЧАТ“ во организација на  Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.

 

 Минатата година навистина како што кажавте беше турболентна, а ние одлучивме да отпочнеме една нова традиција која ќе понуди нешто ново за Охрид. Тоа ни е целта 365 дена да имаме нешто ново во спортот во Охрид. – истакна Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.

 

 

-Голема благодарност до OhridNews за ова признание, но посебно за поддршката на Охрид Трчат, кој немаше да биде тоа што беше без OhridNews и другите помагатели. – рече Антонио Додевски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.

 

 

Најавувам уште еден голем спортски настан во организација на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“, кој ќе се одржи на крајот на ова лето и кој ќе ја збогати понудата на нашиот Охрид. – додаде Јоне Станкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за спорт“.

 

 

Агенцијата „Вис Пој“ која изминатата година одбележа 15 години од основањето, беше прогласена за „Туристичка приказна на годината“.

 

– Ова е едно од подрагите признанија кои ги добиваме и е потврда за нашата работа. Сакам да се заблагодарам на сите деловни партнери и на сите кои не поддржуваат овие години. – истакна сопственикот на ТА „Вис Пој“ Олег Маленко.

 

 

Признание ОhridNews му додели и на АД „Галеб Охрид“ за нејпрепознатлив транспортен бренд кај нас, кој во 2017 година одбележа 70 години успешна работа.

 

– OhridNews се кажа за Галеб и за нашиот јубилеј – 70 години од постоењето. Ви пожелувам на сите среќна Нова година, успех и среќа во 2018 година. – рече генералниот директор на АД „Галеб“ Охрид Љупчо Василески.

 

 

 

Издавањето на Годишната ревија на настани која бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите, го помогнаа: АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, Еуро Стил, Топ Маркети, кафе и бар Шила, ресторан Канео, Стоматолошки центар Д-р Баткоски, аптеки Виа Фарм, ресторан Виа Игнација Вевчани, ТА Вис Пој и Love&Life studio, кое фото и видео го документираше настанот.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


OhridNews ги додели наградите на најдобрите и ја промовираше Годишната ревија на настани 2017

 

OhridNews


DSC00747.jpg

July 1, 2017

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, на коктел средба што се оджа вечерва во кафетеријата „Офсајд“, им се заблагодари на спонзорите, поддржувачите, институциите, јавните служби и медиумите кои ја помогнаа одличната организација на атлетската манифестација „Охрид Трчат“, која за прв пат се одржа оваа година во првиот викенд од месец јуни. Меѓу добиниците на признанија е и OhridNews кој медиумски го поддржа настанот на кој учество зедоа околу 400 натпреварувачи.

На свеченоста беше прикажан и видео записот од атлетскиот викенд што го реализираше „Мега продукција“, на која исто така и беше доделено признание за придонес во афирмацијата на спортскиот настан кој ги освои симпатиите на јавноста.


Успешно заврши првото издание на „Охрид трчат“

OhridNews