Дисквалификација: Официјално известување

June 7, 2021
Почитувани тркачи и учесници на Охрид трчаТ 2021 година, после направените проверки во соработка со нашиот официјален мерач Таг Тајминг Македонија Ве известуваме дека второ пласираната екипа на трката, Тим Билдинг за жени на 21км, екипата на Korrunners се дисквалификува поради злоупотреба на стартни броеви, машко лице трчал со стартен број од жена. Како што знаете за да се има валиден резултат на тим билдинг трките мора да се евидентираат минимум 4 резултати и сите мора да се од исти пол и секако сите мора да се лица кои се пријавиле да учествуваат на трката. Во ова прилика ќе ги замолиме тие кои ги подигнаа наградите за второто место на вчерашното доделување да ги вратат истите кај организаторите на трката.

 

Дополнително на ова Атлетскиот клуб Охрид трчаТ и целата организација денеска на состанок донесе одлука на претседателот на Атлетскиот клуб Корранерс BOJAN SAPUNOV да му забраниме учество на која било од трките под амблемот на Охрид трчаТ во наредните пет години секако доколку тоа го планира/л, поради негова лична злоупотреба на стартно бројче. Фрапирани и крајно разочарани сме од однос на претседател на еден атлетски клуб кој според нас пред се треба да биде носител на принципи и почит кон тркачите и посебно организаторите на тркачките настани.

 

 

Почитувани тркачки, Охрид трчаТ како организација и клуб и до сега носел одлуки кои се пионерски посебно во нашиот македонски тркачки живот така што свесни за реакциите убедени сме во исправоста и посебно во целта која сакаме да ја постигнеме, заштита на вредностите на трудот, принципите и вистината. Од име на клубот јас како негов колега (претседател на клуб) побарав лично јавно извинување до тркачката заедница, секој греши и за секој треба да има втора шанса. За жал добивме одговор, цитираме, јавно извинување е вон памет, во меѓувреме не стигна ни приватно! Се надеваме дека оваа наша одлука во иднина ќе придонесе сите тркачи да бидат високо свесни за нивните постапки и одлуки. Ваквите постапки посебно на трките од 21км може да значат и живот за некого така што упатуваме и апел во иднина да се почитуваат принципите на секоја организација и посебно принципите на заштита на сопствениот/туѓиот живот и однос кој тркачката заедница.