Традиционално АК Охрид трчаТ организира детска трка за најмалите охриѓанчиња. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе имаат можност да се дел од Охрид трчаТ Детска трка 2023. Инаку станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и секако подароци од партнерите на детската трка. Оваа година покрај традиционалните подджувачи на Охрид трчаТ Детска трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, особена чест ни е што настанот го поддржаа и МАГНА, Стопанска Банка АД Скопје, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Битолско Млеко 10 витамини, Жито Леб Охрид, Сеавус Академија и Вода Изворска. Од Охрид трчаТ Детска трка 2022 поамбициозно се посветуваме кон животната средина и нејзината заштита така што од 2022 година паролата на Охрид трчаТ Детска трка е тркачко зелена, Run and Be GREEN!
Добредојдовте првачиња на Охрид трчаТ детска трка 2023!
Кога?
18 Мај 2023 (четврток)
Старт: 11 часот
18 Мај 2023 (четврток)
Старт: 11 часот
Локација: Градски стадион Билјанини извори
