Ohrid trcaT

expo-2020-1280x670.jpg

August 27, 2020
За сите кои се пријавени на трките на Охрид трчаТ 2020 креиран е настан за повеќе информации околу денот, локацијата и протоколите за подигнување на стартниот пакет. Настанот може да го видете ТУКА.

For all those who have registered for the races at Ohrid running weekend 2020, we created an event for more information about the day, location, and protocols for picking up the starting package. You can see the event HERE.

zavrsena-registracija.png

August 15, 2020

Официјално ве известуваме дека предвидената бројка на учесници е исполнета и е затворена регистрацијата за трката од 5к! Има уште неколку слободни места за полумаратонот од 21к!

Officially we inform you that the estimated number of participants is filled and the registration for the 5k race is closed! Few more free places for the half marathon 21k!


Odobreno-approved.png

August 13, 2020

Почитувани со особено задоволство Ве известуваме дека и официјално ќе си трчаме на 30 август.
Потврдени и одобрени се протоколите и мерките од страна на комисијата за заразни болести и на таков начин се создадоа услови и официјално да се одржи овогодинешното издание на Охрид трчаТ.

Во овој момент тоа што итно треба да го знаете е дека бројот на учесници е лимитиран и тоа 250 учесници за полумаратонот и 250 за трката на 5км така што максимален број на учесници е 500. Во овој момент има уште 170 места за на 21км и 105 за на трката на 5км. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе си имаат ексклузивно право да си имаат име и презиме на стартниот број. Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество.

За денес е доволно а од утре почнуваме со кампања преку нашата веб страна www.ohridtrcat.mk , социјалните мрежи на Охрид трчаТ, медиумите, по мејл, да ве информираме околу протоколите, мерките, подигнувањето на стартните пакети, патеката за движење на денот на трките и се останато.


20-dena-do-OhridTrcat.jpg

August 10, 2020

Уште 20 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции.

Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи  од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена.

За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката следете не на ohridtrcat.mk.

Преземено од ohridnews.com


60-dena-do-ohridTrcat.png

July 1, 2020

Уште точно 60 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции.

„Охрид трчаТ“ претставен е низ цел свет со разно разни активности. Најмногу акцент е ставено на активни учества на сличните спортски настани со презентација на Охрид како град домаќин. „Охрид трчаТ“ беше дел од маратонот во Сплит, Хрватска, маратонот во Љубљана, Словенија.

Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи  од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена.

За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката следете не на ohridtrcat.mk.

Преземено од ohridnews.com


11-11.jpg

March 1, 2020

Најголемата спортска манифестација во нашиот град, „Охрид трчаТ“, ќе биде дел од 19-то издание на сплитскиот маратон кој се одржува во еден од најубавите градови во Хрватска. „Охрид трчаТ“, својата богата програма ќе ја претстави на експото пред целата тркачка елита, на детските и штафетните трки и на главниот настан кој ќе се одржи в недела на 23 февруари.

Маратонот во Сплит се одржува од 2001 година. Со текот на времето и трендот патеката се менувала, но стартот и финишот останале на истото место како од почетокот. Организаторите на сплитскиот маратон патеката ја менувале се со цел да се доловат сите убавини на градот. На маратонот ќе учествуваат најдобрите тркачи и на стартната линија се очекува да се појават околу 15 000 вљубеници во трчањето.

Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ оваа година ќе биде збогатено со полумаратон. Со овој потег  и со презентацијата во Сплит, организаторите направија голем чекор напред кон приклучувањето на големите градови со полумаратон.

Преземено од ohridnews.com


Ohrid-trcat-vo-Ljubljana-1.jpg

January 24, 2020

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од најпрепознатливите европски маратони во Љубљана, на извонреден начин претставувајќи ја македонската атлетика и сопствениот бренд кој веќе сериозно се промовира и во регионални рамки.

Експедицијата на „Охрид трчаТ“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од „Охрид трчаТ“ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадорката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлабочување на соработката.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.


3.jpg

October 30, 2019

Со презентирањето на годишните извештаи во печетена верзија, со доделување на благодарници и коктел, организиторите на спортски манифестации Охрид трчаТ и Охрид Треил им се заблагодарија на спонзорите и помагателите за поддршката.


Минатата 2019 година, Охрид како град ја доби Планинарската трка „Охрид Треил“, а Атлетискиот викенд „Охрид трчаТ“ ги проби сите граници продолжувајќи да гази со крупни чекори напред. Оваа година, Охрид Треил ќе ја збогати својата понуда со нови трки и името Ултра треил, додека Охрид трчаТ ќе биде побогат со полумаратон на 21 километар кој ќе има задача да ја привлече „тркачката“ елита во атлетиката.
 
Во годишните извештаии се опфатени сите сегменти, од подготвувањето на настаните, до бројот на волонтери, бројот на лица во организација, мединциски екипи, активности на социјални мрежи и друго. Во годишните извештаи има впечатоци од учесниците, победниците и сите други лица кои активно учествуваа во организирањето на Охрид Треил и Охрид трчаТ.

Благодарница за несебичната поддршка доби OhridNews и спортскиот новинар Михаил Постоловски, кој е дел од тимот на двете спортски манифестации.

Преземено од ohridnews.com


ljubljana-maraton.jpeg

October 25, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчат“, во партнерство со ЕКИПА, ќе биде дел од престижниот маратон во словенечката престолнина Љубљана кој ќе се одржи на 26. и 27. октомври.

„Охрид трчаТ“ и ЕКИПА продолжувајќи ја меѓусебната соработка овој пат, заедно и со атлетската манифестација „Трчај бе“ од Битола, ќе бидат дел и од еден од најголемите атлетски маратони во Европа. Покрај со активната партиципација на натпреварувачи и со комплетно покривање, и на нашиот медиум, на сите случувања од маратонот во Љубљана

На експото на еден од најстарите маратони на Балканот, „Охрид трчаТ“, меѓу другото ќе ги презентира новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Со најавеното учество во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.

На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година секоја година учесвуваат повеќе од 30.000 вљубеници во атлетиката, а од нив дури 1.500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.


Ohrid-trcat-2020_vertical.png

October 21, 2019

Атлетската манифестација Охрид трчаТ одново ги помести границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот. Во видеото, организаторите и официјално го најавија полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7 јуни следната година. Гледајте и уживајте во прекрасното видео на следниов линк, тука!