Ohrid trcaT

60-dena-do-ohridTrcat.png

July 1, 2020

Уште точно 60 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции.

„Охрид трчаТ“ претставен е низ цел свет со разно разни активности. Најмногу акцент е ставено на активни учества на сличните спортски настани со презентација на Охрид како град домаќин. „Охрид трчаТ“ беше дел од маратонот во Сплит, Хрватска, маратонот во Љубљана, Словенија.

Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи  од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена.

За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката следете не на ohridtrcat.mk.

Преземено од ohridnews.com


11-11.jpg

March 1, 2020

Најголемата спортска манифестација во нашиот град, „Охрид трчаТ“, ќе биде дел од 19-то издание на сплитскиот маратон кој се одржува во еден од најубавите градови во Хрватска. „Охрид трчаТ“, својата богата програма ќе ја претстави на експото пред целата тркачка елита, на детските и штафетните трки и на главниот настан кој ќе се одржи в недела на 23 февруари.

Маратонот во Сплит се одржува од 2001 година. Со текот на времето и трендот патеката се менувала, но стартот и финишот останале на истото место како од почетокот. Организаторите на сплитскиот маратон патеката ја менувале се со цел да се доловат сите убавини на градот. На маратонот ќе учествуваат најдобрите тркачи и на стартната линија се очекува да се појават околу 15 000 вљубеници во трчањето.

Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ оваа година ќе биде збогатено со полумаратон. Со овој потег  и со презентацијата во Сплит, организаторите направија голем чекор напред кон приклучувањето на големите градови со полумаратон.

Преземено од ohridnews.com


Ohrid-trcat-vo-Ljubljana-1.jpg

January 24, 2020

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од најпрепознатливите европски маратони во Љубљана, на извонреден начин претставувајќи ја македонската атлетика и сопствениот бренд кој веќе сериозно се промовира и во регионални рамки.

Експедицијата на „Охрид трчаТ“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од „Охрид трчаТ“ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадорката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлабочување на соработката.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.


3.jpg

October 30, 2019

Со презентирањето на годишните извештаи во печетена верзија, со доделување на благодарници и коктел, организиторите на спортски манифестации Охрид трчаТ и Охрид Треил им се заблагодарија на спонзорите и помагателите за поддршката.


Минатата 2019 година, Охрид како град ја доби Планинарската трка „Охрид Треил“, а Атлетискиот викенд „Охрид трчаТ“ ги проби сите граници продолжувајќи да гази со крупни чекори напред. Оваа година, Охрид Треил ќе ја збогати својата понуда со нови трки и името Ултра треил, додека Охрид трчаТ ќе биде побогат со полумаратон на 21 километар кој ќе има задача да ја привлече „тркачката“ елита во атлетиката.
 
Во годишните извештаии се опфатени сите сегменти, од подготвувањето на настаните, до бројот на волонтери, бројот на лица во организација, мединциски екипи, активности на социјални мрежи и друго. Во годишните извештаи има впечатоци од учесниците, победниците и сите други лица кои активно учествуваа во организирањето на Охрид Треил и Охрид трчаТ.

Благодарница за несебичната поддршка доби OhridNews и спортскиот новинар Михаил Постоловски, кој е дел од тимот на двете спортски манифестации.

Преземено од ohridnews.com


ljubljana-maraton.jpeg

October 25, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчат“, во партнерство со ЕКИПА, ќе биде дел од престижниот маратон во словенечката престолнина Љубљана кој ќе се одржи на 26. и 27. октомври.

„Охрид трчаТ“ и ЕКИПА продолжувајќи ја меѓусебната соработка овој пат, заедно и со атлетската манифестација „Трчај бе“ од Битола, ќе бидат дел и од еден од најголемите атлетски маратони во Европа. Покрај со активната партиципација на натпреварувачи и со комплетно покривање, и на нашиот медиум, на сите случувања од маратонот во Љубљана

На експото на еден од најстарите маратони на Балканот, „Охрид трчаТ“, меѓу другото ќе ги презентира новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Со најавеното учество во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.

На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година секоја година учесвуваат повеќе од 30.000 вљубеници во атлетиката, а од нив дури 1.500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.


Ohrid-trcat-2020_vertical.png

October 21, 2019

Атлетската манифестација Охрид трчаТ одново ги помести границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот. Во видеото, организаторите и официјално го најавија полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7 јуни следната година. Гледајте и уживајте во прекрасното видео на следниов линк, тука!


END.jpg

June 3, 2019

Се уште не се сумирани впечатоците и не се разменати искуствата на учесниците од третото издание на Атлетската манифестација Охрид трчаТ, а организаторите го најавуваат новото четврто кое по многу параметри ќе биде од историски карактер.

Охрид трчаТ со полумаратон кој се одржува 21 километар ќе ја збогати својата понуда и ќе направи голем чекор напред кон приклучување во атлетска елита. Четвртото издание ќе се одржи на 7 јуни, а дополнително ќе се објави програмата и концептот.

Третото издание без разлика на дождот помина фантастично. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација.


winers.jpg

June 2, 2019

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ победија на десет километарската трка која се одржа во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ.

Ивановски десеткилометарската делница ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на Охрид трчаТ. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ која годинава дебитираше и победи десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.
Трета година по ред втората позиција во машка конкуренција ја зазеде Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), додека третопласиран финишираше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција двократната шампионка Адријана Поп Арсова се закити со сребреното одличје со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).

Во рекреативната трка на 5 километри најбрзи беа Кристијан Стојани со време (18:33) односно Елена Даниловска со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се Делта односно Ласовски Дентал, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзо беа членовите од Најк Ран клуб, а на пет првa финишираше екипата од Лица со ретки болести.

На Охрид трчаТ учеството го имаа пријавено 1 585 натпреварувачи. Настанот беше емитуван во живо, а на учесниците не им попречи ниту дождот кој само беше уште еден декор во ново фантастично издание на Охрид трчаТ.

Резултати

10км:
Машки
1. Дарио Ивановски (31:55)
2.Милош Ранчиќ (34:17)
3.Муџахит Мислимоски (34:41)

Женски
1.Теодора Симовиќ (37:56)
2.Адријана Поп Арсова (39:10)
3.Билсерин Сулејман (40:41)

5км:
Машки
1.Кристија Стојани (18:33)
2.Дејан Ангелоски (18:40)
3.Наум Танески (18:52)

Женски
1.Елена Даниловса (24:17)
2.Ангела Чингоска (24:33)
3.Весела Панчева (24:39)


PicToGo.jpg

June 2, 2019

Најновниот и најсовремениот спортски систем за споделување на фотографии Pic2go услугата и оваа година се дел од Атлетската манифестацијата Охрид трчаТ која се одржа на 2 јуни во Охрид.
Се што треба да направите за користење на бесплатната услуга е да се регистирате со стартниот број кој веќе го имате добиено на меиел на официјална страна од Охрид трчаТ и да дозволите сликите да се објавуваат на вашиот профил на Фејсбук.
Pic2Go апликацијата со работа ќе започне на 02.06.2019 (недела) во 14 часот кога ќе се комплетираат сите слики од неколкуте места на кои ќе има професионални фоторепортери.
Напомена, стартниот број и бар кодот мора да бидат поставени на видливо место на телото за да можат при изработка на фотографиите да се познаваат и класифицираат.