Ohrid trcaT

190533512_1748653075317864_897684196843970924_n.jpg

May 24, 2021
Почитувани, регистрацијата за 21 km е завршена. Ви благодариме на разбирањето и Ви посакуваме среќа на 5-тиот јубилеј на Охрид трчаТ.
Ladies and gentlemen, the registration for 21 km is over.  Thank you very much, good luck on the 5th jubilee of Ohrid Running Weekend.

Video-screenshot.png

May 17, 2021

2017 – Стартна година полна со неизвесности! Почеток исполнет со адреналин но и многу предизвици! Секој почеток е тежок, но вреди да се проба! Вистинските луѓе знаат како да го препознаат квалитетот од почеток! И така помина првата трка, а веќе страсните спортисти и ентузијазисти почнаа да го препознаваат брендот и да се пријавуваат за втората трка во 2018 година. Желбата да се учествува беше голема, а да се достигне целта низ призмата на Охрид уште поголема. Оваа година летото започна пред трката 🙂 Ќе ја паметиме по жешкото сонце. Обратно пропорционално на 2018 пак, 2019 трката започна со тмурно утро кое се претвори во бура со силен пороен дожд. Дополнително, третото издание на Охрид трчаТ предизвика непосакувани тешкотии на тркачите од временските непогоди, но вистинските борци, не ги запре ни оваа препрека да го стават финишерот околу врат. И така, секоја година си е специфична сама по себе по настани кои се непредвидливи. Но во 2020, предизвикот беше поголем од сите претходни. Лимитирана година која предизвика колапс на сите полиња од секојдневниот живот. Трката се одложи но сепак се одржа. Кога човек знае да се соочи со сите предизвици и да се придржува кон сите протокли се е возможно…Оваа година, како и претходната сме ограничени, но не и оневозможени. Заедно можеме да стигнеме до целта, заедно можеме да го дофатиме финишерот, заедно можеме да се бориме во името на спортот и заедно можеме да кажеме дека сакаме ПАК и ПАК да учествуваме на овој настан! Настан кој е добробит за здравјето, за општеството, за градот, за нас, за тие околу нас, да покажеме дека и ние можеме, и знаеме како, зошто на крај на денот, успехот не е кој ќе заврши прв. Успехот е дека секој од нас кога ќе стигне до целта е победник! Со почит, Охрид трчаТ!

 

 


f1.jpg

April 16, 2021

Модерни и по светски терк, направени со многу љубов и труд, а од денеска отворени за сите љубители на трчањето, атлетиката и спортот воопшто се канцелариите на охридскиот спортски бренд „Охрид трчаТ“. Канцелариите се наоѓаат на Булеварот Туристичка, во објектот од Гранит, на втор кат, наспроти Основното училиште „Григор Прличев.“

 

 

Во канцелариите преовладува спортскиот дух, збогатен со фотографии од претходните успешно одржани настани на Охрид трчаТ и Планинарска трка Охрид Ултра Треил, кои нашиот град го имаат промовирано речиси во целиот свет. Канцелариите составени се од три простории, секоја за посебна немена.

Галерија:

f1
f2
f3
f4-4
f5-1
f6-2
f7
f8

 

Отворањето на канцелариите е голем чекор напред кога се однесува на организациски план за Охрид трчаТ и Охрид Ултра Треил, кои од година во година растат, ги пробиваат бариерите и го доближуваат градот до светските метрополи.

Галерија:

f9
f10-rotated-e1618554197177
f11-rotated-e1618554178748
f13
f14-1
f15
f16
f17
f18

 

За потсетување, јубилејното петто издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ ќе се одржи од 4 до 6 јуни, додека Планинарската трка Охрид Ултра Треил е закажана од 17 од 19 септември.

 

Преземено од www.ohridnews.com.


MEGA3036-1280x779.jpg

April 6, 2021

Од денеска, во склоп на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ со работа ќе започне Детската атлетика. Тренинзите ќе се одвиваат во динамичен ритам на СРЦ „Билјанини Извори“, под палка на специјализираните тренери проферосите по физичка култура и образование, Златко Пуцоски односно Валентина Караѓуле. Тимот ни откри што претставува Детската атлетика, зошто дечињата треба да бидат дел од „Кралицата на спортовите“ и какви се бенифитите за најмладите.

Што претставува Детската атлетика на Охрид трчаТ?

Интересни, креативни и атрактивни тренинзи организирани преку игра,  каде децата учат правилна техника на трчање, скокање и фрлање, како и ги развиваат основните моторни способности – брзина, издржливост, флексибилност, координација, сила и рамнотежа, ја подобруваат спортската култура и стекнуваат самодоверба и здрава работна навика, а се тоа преку забава и игра со врсниците.

Зошто треба децата да ја изберат детската атлетика?

Атлетиката е спорт составен од движења кои се природни за човечкото тело. Трчањето, скокање и фрлање се вродени и природни движења на човекот. Поголемиот дел од годината тренинзите се одржуваат на отворено, на свеж воздух, во природа и на природна светлина.

Детската атлетиката рамномерно ги подобрува физичките способности на целото тело.

На тренинзите се подобруваат физичките способности како сила, брзина, координација, издржливост и флексибилност. Нема предвремена специјализација за одредени дисциплини така што детската атлетиката е одличен избор за правилен и сестран псохофизички развој на детето.

Се развива дисциплина ,работна навика како и лична одговорност.

Најголемиот дел од натпреварите во атлетиката се поединечни, секој за својата атлетска дициплина ,тоа кај децата развива лична одговорност за сопствениот резултат и на таков начин се стекнува со поголема секојдневна човечка одговорност.

Еднаквост

Атлетиката е особено инклузивен спорт. Момчињата и девојчињата тренираат заедно, имаат ист тренер и се натпреваруваат во иста пригода. Им се дадени еднакви можности и платформи за учество, без разлика дали е за забава или за елитно ниво.

Го зголемува долгорочното здравје

Трчањето, преку својата едноставност, практичност и пристапност, значи дека вашето дете може да добие навика да биде активно во текот на целиот живот, зголемувајќи го своето здравје на долг рок.

Ја зголемува самодовербата

Со учење на добри фундаментални вештини за движење, децата развиваат самодоверба. Да се ​​има добар „јазик на движење“ значи дека тие ќе бидат подготвени за секакви спортски предизвици без разлика кој спортски избор би го имале во својата иднина.

Забавно е

Мит е дека атлетиката е индивидуален спорт. Од малолетници до сениори, тренинзите обично се во групи каде се дружат, мотивираат и поддржуваат постојано. Секој клуб е семејство и секое натпреварување е нова шанса да се стекнат нови пријатели.

Според Вашето искуство што се случува денес со нашите деца?

Децата  како битие на природата, неговиот живот и филогенетскиот развој, неминовно е поврзан со физичката активност. Но, денес во современите услови на  живеење, во време не компјутеризација, автоматизација и урбанизација  тие си обезбедуваат определена прилагоденост и опуштање, па физичкиот напор односно физичката активност речиси и да ја нема.

Научните истражувања утврдуваат дека недвижењето предизвикува масовна појава на „модерните болести“: срцевите исуфиценции ,телесни деформитети ,болести на циркулаторниот систем ,психички стресови и тегоби ,аритмии и др.

Секоја осмислена телесна активност, доколку правилно ,систематски и стручно се организира,а притоа се води сметка за интензитетот, возраста, полот и индивидуалните карактеристики, може да биде во функција на здравјето, односно да има превентивен , компензаторен и куративен карактер.

Условите за упис се детето да има најмалку пет години. За да се стане член во Охрид трчаТ Детска атлетика задолжително мора родителот/старателот да достави лекарско уверение од матичен доктор или спортски доктор за здравствената состојба на детето. Пријавата за упис мора да се потпише од страна на родител/старател. Уписите се вршат во официјалните канцеларии на АК Охрид трчаТ, кои се наоѓаат на Булевар Туристичка наспроти ООУ Григор Прличев во објектот на Гранит на втор спрат. Повеќе информации околу тоа секој родител може да добие на нашите телефони и тоа 075/941-130 проф. Валентина Караѓуле  070/670-278 проф. Златко Пуцоски

Атлетиката е основа и темел на сите спортови и затоа второто нејзино име е Кралица на спортовите. Во неа нема губитници, сите се победници, некој со резултат, некој со своето учество, некој со стекнати навики, некој со стекнати пријателства. Затоа почитувани родители, охрабрите ги Вашите деца и Бидете дел од нашата Охрид трчаТ Детска Атлетика, Ви ветуваме голема посветеност, креативност и многу позитивна енергија.

 

Преземено од www.ohridnews.com.