Ohrid trcaT

312815474_2135758033274031_8215928926603653263_n.jpg

October 24, 2022
Вчера во организација на Атлетска Федерација на Македонија во Скопје се одржа национално првенство во крос-кантри. На истото учество имаше нашиот член Дејан Ангеловски, во категоријата млади сениори, при што го освои второто место!

Честито за Дејан и за сите останати победници и учесници на првенството!
 

 


307309439_194529743084267_2418023938789896972_n-1280x960.jpg

October 4, 2022
Позитивна енергија на максимум, постигнати резултати на максимум, освоени места на максимум, браво за целиот тим на Охрид трчаТ.
1 место штафета 4х60 метри (ж)
1 место скок во далечина (ж) – Јана Димоска
1 место скок во височина (ж) – Матеа Матеска
2 место 60 метри (ж) – Јана Димоска
2 место скок во височина (ж) – Калина Анѓелоска
2 место ѓуле (ж) – Сара Спасеска
2 место копје (ж) – Сара Спасеска
2 место 300 метри (ж) – Калина Анѓелеска
3 место копје (ж) – Христина Миноска

thank-you-all.jpg

August 29, 2022
Уште еден прекрасен викенд во Охрид! Благодарност до сите пријатели,партнери,подржувачи,благодарност до Triathlon Federation of North Macedonia за одличната соработка,благодарност сите луѓе вклучени во организација на првиот Ohrid trcaT AQUATHLON во Македонија, а најголема благодарност до нашите волонтери.
Ви благодариме драги ТРЧАЧИ(професионалци,рекреативци,деца,родители)што бевте дел од Ohrid trcaT AQUATHLON и покажавте дека пливањето и трчањето се одличен спој!

Ви Благодариме од ❤️


Mapi-Aquathlon1.jpg

August 25, 2022
Почитувани Акватлон учесници,
се наоѓаме на неколку денови пред првото издание на Охрид трчаТ Акватлон. Ви благодариме на Вашата пријава и искрено се надеваме дека заедно со Вас ќе имаме одлично прво издание како позитивен старт на дисциплината Акватлон во Македонија. Ние сме во финални подготовки а веруваме и Вие. За подобро да се запознаете со се околу стартот, пливањето, транзицијата, трчањето и финишот Ви споделуваме 3 мапи и агенда за недела.
Доколку имате потреба за дополнителни информации можете да се информирате и во сабота на лице место, од 17-20 часот, плажа Кај Дивоно (старт/финиш).
Ви посакуваме многу успех во финалните подготовки и многу среќа на натпреварот во недела.